Metallica

Metallica
Металика на концерт во Лондон, 2008 год.
Од лево кон десно: Кирк Хамет, Ларс Улрих, Џејмс Хетфилд и Роберт Трухиљо
Биографски податоци
ПотеклоЛос Анџелес, Калифорнија, САД
ЖанровиТреш метал, хеви метал, спид метал, хард рок
Период на активност1981 – денес
ИздавачиВорнер Брос, Електра, Вертиго, Мегафорс, Сони (за Јапонија)
СоработнициЕкобреин, Егзодус, Флотсам и Џетсам, Инфекшс Грувс, Ледер Чарм, Мегадет, Рок Стар Супернова, Спастик Чилдрен, Суисајдал Тенденцис, Воивод, Ози Озборн, Лу Рид
www.metallica.com
Членови
Џејмс Хетфилд
Ларс Улрих
Кирк Хамет
Роберт Трухиљо
Поранешни членови
Рон Мекговни
Дејв Мастејн
Клиф Бартон
Џејсон Њустед
Оригиналното лого на Металика, користено скоро на сите нивни студиски албуми

Металика е американска хеви метал музичка група од Лос Анџелес, Калифорнија. Нивната музика е спој на треш и спид метал, со доста агресивни текстови и брза изведба. Основана е во октомври 1981 година, по објавениот оглас на Ларс Улрих во еден локален весник, на кој одговорил Џејмс Хетфилд. Во денешната постава на бендот освен споменатите двајца, членуваат уште Кирк Хамет и Роберт Трухиљо. Освен Хетфилд и Улрих, во првата постава на бендот членувале уште Дејв Мастејн и Рон МекГовни. Мастејн и Мекговни не се појавуваат на ниту еден студиски албум. Поранешни членови на Металика кои имале придонес барем на еден студиски албум биле Џејсон Њустед и покојниот Клиф Бартон.

Во првите години од нивното основање, тие биле предводници на треш метал движењето, музика која била претежно непозната и во тоа време социјален и општествен феномен. Ги освоиле симпатиите на фановите и музичката критика со нивниот трет студиски албум Master of Puppets (1986), кој бил оценет како највлијателен и „најтежок“ треш метал албум. На големата музичката сцена се пробиле со нивниот петти студиски албум Metallica (познат и како Црниот албум), кој во првата недела од издавањето продал 650 илјади плочи во САД и се искачил на првото место на најпродавани албуми на Билборд Хот 100 табелата. Во полза на неговиот комерцијален успех говорат вкупно продадените 16 милиони оригинални примероци во САД и преку 30 милиони во светот. Овој импресивен успех на табелите придонел Металика да прерасне во глобална атракција и да ги исполнува сите седишта до последно место за време на нивните настапи во живо.

Целокупната дискографија на Металика вбројува 9 студиски албуми, од кои пет се нашле на првото место на најпродавани албуми според Билборд, 13 ДВД изданија од концерти, како и една соработка со Лу Рид и една плоча со преработени верзии на култни хеви метал и хард рок композиции. Имаат свирено на преку 20 светски турнеи, а на последната нивна турнеја од 2008 до 2010 год. направиле финансиски обрт од 217 милиони долари. Во април 2009 година се примени во Рокенрол куќата на славните. Официјалната статистика во врска со нивната продажбата на албуми говори дека Металика во 2008 год. ја надминале бројката од 100 милиони продаден музички материјал низ светот.

Металика низ годините успеала да изгради лојално следбеништво и огромни фан-бази во многу земји од светот. Заедно со Мегадет, Слеер и Антракс ја сочинуваат големата Треш четворка, која е одговорна за популаризирање и етаблирање на хеви металот на глобалната сцена. Тие воедно важат и за еден од ретките претставници на екстремниот хеви метал што успеале да ги придобијат симпатиите на поголем дел од музичките експерти. Поради тој факт, во нивната збирка имаат собрано 9 Греми награди, како и две награди на MTV за најдобар видео запис за рок нумера. Групата во моментов работи на нивниот најнов, 10. по ред студиски албум, кој би требало да излезе во почетокот на 2014 година.

Во 2012 година, Металика формирале своја сопствена независка издавачка куќа Blackened Recordings, која ги обезбедила правата врз сите нивни студиски изданија.

Other Languages
Afrikaans: Metallica
Akan: Metallica
Alemannisch: Metallica
Ænglisc: Metallica
العربية: ميتاليكا
aragonés: Metallica
asturianu: Metallica
azərbaycanca: Metallica
বাংলা: মেটালিকা
беларуская: Metallica
беларуская (тарашкевіца)‎: Metallica
български: Металика
Boarisch: Metallica
bosanski: Metallica
brezhoneg: Metallica
català: Metallica
Cebuano: Metallica
čeština: Metallica
Cymraeg: Metallica
dansk: Metallica
Deutsch: Metallica
ދިވެހިބަސް: މެޓަލިކާ
eesti: Metallica
Ελληνικά: Metallica
emiliàn e rumagnòl: Metallica
English: Metallica
español: Metallica
Esperanto: Metallica
euskara: Metallica
فارسی: متالیکا
føroyskt: Metallica
français: Metallica
Gaeilge: Metallica
galego: Metallica
한국어: 메탈리카
հայերեն: Metallica
हिन्दी: मेटालिका
hornjoserbsce: Metallica
hrvatski: Metallica
Bahasa Indonesia: Metallica
íslenska: Metallica
italiano: Metallica
עברית: מטאליקה
ქართული: მეტალიკა
қазақша: Metallica
kurdî: Metallica
Ladino: Metallica
Latina: Metallica
latviešu: Metallica
Lëtzebuergesch: Metallica
лезги: Metallica
lietuvių: Metallica
Limburgs: Metallica
lumbaart: Metallica
magyar: Metallica
मैथिली: मेटालिका
Malagasy: Metallica
მარგალური: Metallica
Bahasa Melayu: Metallica
монгол: Металлика
မြန်မာဘာသာ: မက်တယ်လ်လစ်ကာ
Nāhuatl: Metallica
Nederlands: Metallica
नेपाली: मेटालिका
नेपाल भाषा: मेटालिका
日本語: メタリカ
norsk: Metallica
norsk nynorsk: Metallica
occitan: Metallica
oʻzbekcha/ўзбекча: Metallica
پنجابی: مٹالیکا
Plattdüütsch: Metallica
polski: Metallica
português: Metallica
română: Metallica
Runa Simi: Metallica
русский: Metallica
Scots: Metallica
shqip: Metallica
sicilianu: Metàllica
Simple English: Metallica
slovenčina: Metallica
slovenščina: Metallica
ślůnski: Metallica
کوردی: مێتالیکا
српски / srpski: Металика
srpskohrvatski / српскохрватски: Metallica
suomi: Metallica
svenska: Metallica
Tagalog: Metallica
Taqbaylit: Metallica
татарча/tatarça: Metallica
Türkçe: Metallica
українська: Metallica
vèneto: Metallica
vepsän kel’: Metallica
Tiếng Việt: Metallica
West-Vlams: Metallica
粵語: 金屬樂隊
Zazaki: Metallica
中文: 金属乐队