1 јануари (настани)

45 п.н.е. Започнал да се применува новиот календар, денес познат како јулијански календар.
404 Последната гладијаторска борба во римскиот колосеум.
439 Објавен е Теодосиевиот законик, најголемата збирка на римски закони во тој период.
1651 Чарлс II е крунисан за крал на Шкотска.
1801 Церера, првиот познат астероид е откриен од Џузепе Пјаци.
1804 Независност на Хаити од Франција.
1818 Мери Шели го објави романот за чудовиштето на Франкенштајн.
1880 Фердинанд Лесепс ја започна изградбата на Панамскиот канал.
1892 Островот Елис е отворен како место каде се примаа првите имигранти во Соединетите Американски Држави.
1901 Британските колонии Нов Јужен Велс, Квинсленд, Јужна Австралија, Тасманија и Западна Австралија го формираат Австралискиот Сојуз; Едмунд Бартон е избран за прв премиер.
1908 За прв пат беше пуштена топка изработена од кристали и електрични светла на Њујоршкиот Тајмс Сквер, традиција на сите понатамошни прославувања на Новата Година.
1909 Во Битола излезе првиот број на весникот „Работничка искра“ на бугарски јазик како орган на македонските социјалисти. Прв уредник на весникот беше Васил Главинов.
1925 Главниот град на Норвешка го промени името во денешното Осло. Предходното име, Кристијанија, го носеше од 1624 година.
1932 Во Виена се одржа првиот Новогодишен концертВиена се одржа првиот Новогодишен концерт.
1942 Во Вашингтон 26 држави од целиот свет ја потпишаа Декларацијата на Обединетите Нации.
1945 Во Скопје излезе првиот број на сатирично - хумористичниот весник „Остен“.
1948 Основана е Државната опера на Народна Република Македонија
1959 За време на Кубанската револуција, Фидел Кастро го симна од власт дотогашниот кубански претседател Фулгенцио Батиста.
1965 Под водство на лидерот на движењето Ал Фатах, Јасер Арафат, формирана е Палестинската ослободителна организација - ПЛО.
1982 Перез де Куељар стана првиот Латино-американец, Генерален секретар на Обединетите Нации.
1990 формирана е политичката партија НДП.
1995 Започна со работа Светската трговска организација.
1997 Здружението на издавачите и книжарите на Македонија е примено во Меѓународната асоцијација на издавачите со седиште во Женева.
2002 Еврото започна да се користи во повеќето членки на Европската унија.
2006 Почна примената на Законот за заштита од пушењето.
2007 Влез на Бугарија и Романија во Европската Унија.
2017 Поранешниот премиер на Португалија од Социјалистичката партија, Антонио Гутерес станува Генерален секретар на ООН.
Other Languages
беларуская (тарашкевіца)‎: Вікіпэдыя:Дзень у гісторыі/1 студзеня
Кыргызча: Калып:Бүгүн:01-1
oʻzbekcha/ўзбекча: Andoza:Bugun:01-1
srpskohrvatski / српскохрватски: Šablon:Na današnji dan/1.01.