Целзиусов степен
English: Celsius

Формули за претворање на Целзиусов степен
од Целзиусов степенво Целзиусов степен
Целзиус[°C] = [K] − 273,15[K] = [°C] + 273,15
Фаренхајт[°F] = [K] × 95 − 459,67[K] = ([°F] + 459,67) × 59
Ранкин[°R] = [K] × 95[K] = [°R] × 59
Домашен ѕиден топломер што мери Целзиусови и Фаренхајтови степени

Целзиусовата скала (Celsius) е скала за изразување на температура. Го носи името на нејзиниот изумител, шведскиот астроном Андерс Целзиус (1701–1744). Целзиусов степен (°C) е одредена температура на Целзиусовата скала, а самата мерна единица што го изразува тој интервал се нарекува целзиус (со мали букви)[1]. Сè до 1948 единицата се нарекувала центиград (од лат. centum = „сто“ и gradus = „степен“[2]).

Од 1744 до 1954, 0 °C се сметале за точка на мрзнење на водата, а 100 °C за нејзината точка на вриење, обете при притисок од една стандардна атмосфера. Иако овие определници се застапени во образованието и денес, единицата „Целзиусов степен“ и Целзиусовата скала по меѓународен договор денес се дефинираат според две точки: апсолутната нула и тројната точка на водата[3]. Оваа дефиниција дава прецизен сооднос помеѓу скалите на целзиусот и келвинот, која пак е основна единица на SI за термодинамичка температура (симбол: K). Апсолутната нула, коај е хипотетичка и недостижна температура при која материјата има нулта ентропија, се дефинира како точно 0 K и −273,15 °C. Температурната вредност на тројната точка на водата изнесува точно 273,16 K и 0,01 °C.[4]

Со оваа дефиниција, величината на Целзиусовиот степен и Келвинот се утврдени како точно 1 дел од 273,16 (прибл. 0,00366) на разликата помеѓу апсолутната нула и тројната точка на водата, така израмнувајќи ги величините на двете единици. Покрај ова, дефиницијата ја утврдува разликата помеѓу нултите точки на двете скали како точно 273,15 Целзиусови степени (−273,15 °C = 0 K и 0 °C = 273,15 K).[5]

Позастапени температури

Еве некои температури што почесто се среќаваат и нивните вредности на трите најзастапени скали.

Сооднос на најважните скали
Келвин Целзиус Фаренхајт
Апсолутна нула
(точно, по дефиниција)
0 K −273,15 °C −459,67 °F
Точка на вриење на течен азот 77.4 K −195,8 °C[6] −320,3 °F
точка на топење на сув мраз 195,1 K −78 °C −108,4 °F
точка на топење на H2O (прочистен мраз)
[7]
273,15 K 0 °C 32 °F
Тројна точка на водата
(точно, по дефиниција)
273,16 K 0,01 °C 32,018 °F
Телесна температура 310,15 K 37,0 °C 98,6 °F
Точка на вриење на водата при 1 атм (101.325 kPa)
(приближно)
373,1339 K 99,9839 °C 211,971 °F
Other Languages
Afrikaans: Celsius
aragonés: Grau Celsius
asturianu: Grau Celsius
azərbaycanca: Selsi şkalası
Bân-lâm-gú: Liap-sī
беларуская: Градус Цэльсія
беларуская (тарашкевіца)‎: Градус Цэльсія
български: Градус Целзий
བོད་ཡིག: སེ་དྲོད།
bosanski: Stepen Celzija
brezhoneg: Derez Celsius
català: Grau Celsius
čeština: Stupeň Celsia
Cymraeg: Celsius
dansk: Celsius
Deutsch: Grad Celsius
English: Celsius
español: Grado Celsius
Esperanto: Grado celsia
euskara: Celsius gradu
فارسی: سلسیوس
føroyskt: Celsiusstigin
français: Degré Celsius
Frysk: Celsius
galego: Celsius
贛語: 攝氏
한국어: 섭씨
हिन्दी: सेल्सियस
hrvatski: Celzij
Bahasa Indonesia: Celsius
interlingua: Celsius
íslenska: Selsíus
italiano: Grado Celsius
ქართული: ცელსიუსი
Kiswahili: Selsiasi
latviešu: Celsija grāds
Lëtzebuergesch: Grad Celsius
lietuvių: Celsijus
Limburgs: Celsiussjaol
la .lojban.: jacke'o
മലയാളം: സെൽഷ്യസ്
मराठी: सेल्सियस
Bahasa Melayu: Celsius
Mirandés: Grau Celsius
Nederlands: Celsius
Nedersaksies: Celsius
Nordfriisk: Graad Celsius
norsk nynorsk: Celsius
occitan: Gra Celsius
ਪੰਜਾਬੀ: ਸੈਲਸੀਅਸ
پنجابی: سیلسیس
Patois: Selsios
Piemontèis: Scala Celsius
Plattdüütsch: Grad Celsius
português: Celsius
română: Celsius
Scots: Celsius
shqip: Celcius
sicilianu: Gradu cintigradu
Simple English: Celsius
slovenčina: Stupeň Celzia
српски / srpski: Степен целзијуса
srpskohrvatski / српскохрватски: Celzijus
Basa Sunda: Celsius
svenska: Grad Celsius
తెలుగు: సెల్సియస్
Türkçe: Celsius
українська: Градус Цельсія
اردو: سیلسیس
Tiếng Việt: Độ Celsius
West-Vlams: Celsius
Winaray: Sentigrado
吴语: 摄氏温标
粵語: 攝氏
中文: 摄氏温标