Хордови

Хордови
Хордати
Период: ран Камбриум – денес
Pristella maxillaris.jpg
Водно трнарче (Pristella maxillaris) - еден од малкуте хордати со видлив ‘рбетен столб. ‘Рбетниот мозок е сместен во ‘рбетниот столб.
Научна класификација [ у ]
Царство:Животни
Наттип:Второусни
Тип:Хордови
Bateson, 1885
Класи

погл. подолу

Хордатите односно хордовите животни (науч. Chordata) се најсложено градени животински организми. Еден од нивните главни белези е присуството на хорда (од каде доаѓа и името), расположена во внатрешноста на телото, грбно по целата телесна должина. Формирана е од особено сврзно ткиво, наречено хордово ткиво, чии големи и вакуолизирани клетки се исполнети со течност, со што хордата се здобива со цврстина и еластичност. Како потпорен орган таа функционира во текот на целиот живот само кај најнижите хордови животни, како на пример амфиоксусот. Кај круглоустите и дел од рибите, хордата е уште подобро развиена, а кај вишите хордати таа е редуцирана и заменета со ’рбетен столб. Втор карактеристичен белег е положбата и посебниот тип на нервен систем. Тој има грбна положба во однос на хордата, има цевчеста форма типична за хордатите и настанува со увртување на ектодермот во вид на надолжен жлеб, кој подоцна се затвора во цевка. И трет белег е што органите за дишење се развиваат од предното црево во вид на парни испакнатини на кои се наоѓаат парни странични отвори - жабрени цепнатинки. Кај нижите хордати тие постојат целиот живот, додека кај вишите се јавуваат само во почетните фази од ембрионалниот развој.

Особености

Хорда

Хорда, односно chorda dorsalis (на англиски наречена нотохорд - notochord) е името кое е дадено на главната одлика на хордатите. Таа функционира како ендоскелет и претставува едно долго, флексибилно стапче кое произлегува како испапчување на првобитното црево ( архентерон). Токму затоа лежи над цревото и под нервната цевка. Хордата кај сите хордати подлежи на истата онтогенеза која е контролирана од Брахиури-генот. Не е можно да се одреди дали хордата првобитно се протегала само во опашниот дел или долж целото тело. Странично од хордата се расположени надолжни мускули, кои кај првобитните хордати служеле за придвижување. За време на онтогенезата, хордата минува низ стадиумот ,,пари во фишек‘‘, при што се состои од дисковидни притиснати клетки. Хордата на амфиоксусот останува во овој стадиум за време на целиот живот и е опколена само од мускулни влакна. Кај ларвите од плаштарите и кај ‘рбетниците се јавуваат простори меѓу клетките, кои кај ларвите на плаштарите образуваат континуиран канал опколен од епителни клетки. Хордата кај ларвите се протега само долж опашниот дел на телото. Хордата во текот на онтогенезата кај ‘рбетниците се заменува со ‘рбетен столб. Остатоци од хордата кај вишите ‘рбетници се nuclei pulposi (пулпозни јадра) во меѓупрешленските дискови.

Кај безопашните водоземци, како и кај некои групи на примитивни копнени ‘рбетници, вклучувајќи ги темноспондилите (Temnospondyli) и нижите влекачолики (антракосаурите), образувањето на прешленските тела во текот на индивидуалниот развиток може да биде забавено, така што кај фосилите (покрај останатите неотениски одлики кај возрасните единки), може да се јави и хорда во вид на лента.

Other Languages
Afrikaans: Rugstringdiere
Alemannisch: Chordatiere
አማርኛ: አምደስጌ
العربية: حبليات
aragonés: Chordata
অসমীয়া: ক'ৰডাটা
asturianu: Chordata
azərbaycanca: Xordalılar
বাংলা: কর্ডাটা
Bân-lâm-gú: Chek-soh tōng-bu̍t
башҡортса: Хордалылар
беларуская: Хордавыя
беларуская (тарашкевіца)‎: Хордавыя
भोजपुरी: कार्डेट
български: Хордови
bosanski: Hordati
brezhoneg: Chordata
буряад: Хүбшэтэн
català: Cordats
čeština: Strunatci
Cymraeg: Cordog
dansk: Chordater
Deutsch: Chordatiere
Ελληνικά: Χορδωτά
English: Chordate
español: Chordata
Esperanto: Ĥorduloj
euskara: Kordatu
فارسی: طنابداران
Fiji Hindi: Chordate
føroyskt: Chordata
français: Chordata
Gaeilge: Chordates
Gaelg: Chordata
Gàidhlig: Chordata
galego: Cordados
客家語/Hak-kâ-ngî: Chit-sok thung-vu̍t
한국어: 척삭동물
հայերեն: Քորդավորներ
हिन्दी: रज्जुकी
hrvatski: Svitkovci
Ilokano: Kordata
Bahasa Indonesia: Chordata
interlingua: Chordata
íslenska: Seildýr
italiano: Chordata
עברית: מיתרניים
Basa Jawa: Chordata
ಕನ್ನಡ: ಕಾರ್ಡೇಟ್
ქართული: ქორდიანები
қазақша: Хордалылар
kernowek: Chordata
Kiswahili: Kodata
Kreyòl ayisyen: Kòde
Кыргызча: Хордалуу
Latina: Chordata
latviešu: Hordaiņi
Lëtzebuergesch: Chordadéieren
lietuvių: Chordiniai
Ligure: Chordata
Limburgs: Chordabieste
la .lojban.: skoselti'e
മലയാളം: കോർഡേറ്റ
Malti: Chordata
მარგალური: ქორდიანეფი
Bahasa Melayu: Kordata
Mìng-dĕ̤ng-ngṳ̄: Cék-só̤h dông-ŭk
монгол: Хөвчтөн
Nederlands: Chordadieren
日本語: 脊索動物
Nordfriisk: Ragstringdiarten
norsk nynorsk: Ryggstrengdyr
Novial: Chordata
occitan: Chordata
oʻzbekcha/ўзбекча: Xordalilar
ਪੰਜਾਬੀ: ਤੰਦਧਾਰੀ
پنجابی: کورڈیٹ
Перем Коми: Мышксöнаэз
Piemontèis: Chordata
Plattdüütsch: Ruggensnarendeerter
polski: Strunowce
português: Cordados
română: Cordate
Runa Simi: Wasa tiwlliyuq
русиньскый: Хордовы
русский: Хордовые
саха тыла: Хордалыктар
Scots: Chordate
shqip: Chordate
sicilianu: Chordata
Simple English: Chordate
slovenčina: Chordáty
slovenščina: Strunarji
کوردی: مازەداران
српски / srpski: Хордати
srpskohrvatski / српскохрватски: Svitkovci
Basa Sunda: Chordata
Tagalog: Kordata
татарча/tatarça: Хордалылар
తెలుగు: కార్డేటా
тоҷикӣ: Танобдорон
lea faka-Tonga: Monumanu filo siliva
Türkçe: Kordalılar
українська: Хордові
اردو: حبلیات
West-Vlams: Chordabêestn
Winaray: Chordata
ייִדיש: כארדאטן
粵語: 脊索動物
žemaitėška: Chuordėnē
中文: 脊索动物
Lingua Franca Nova: Cordato