Филозоф

Атинската школа (1509–11) од Рафаел, на која се прикажани разни антички филозофи како разменуваат мисли.

Филозоф — во поширока смисла, лице што се занимава со изучување на филозофијата. Поимот доаѓа од старогрчки: φιλόσοφος (филозофос), што значи „вљубеник во мудроста“. Се смета дека поимите „филозоф“ и „филозофија“ прв ги вовел античкиот мислител Питагора.[1]

Во потесна смисла, филозоф е секој интелектуалец со свои придонеси на некое поле на филозофијата, како што е естетиката, етиката, епистемологијата, логиката, метафизиката, општествената теорија и политичката филозофија. Филозоф, во некогашна смисла, може да биде и некој што работи во областа на општествените и други науки кои низ вековите се одвоиле од самата филозофија; такви се уметностите, историјата, економијата, социологијата, психологијата, лингвистиката, антропологијата, теологијата и политиката.

Во класична смисла, филозоф е човек кој го живее живот на извесен начин, кој се занимава егзистенцијалните прашања за човечката состојба, а не некој кој расправа за теориите или мислењата на други автори.[2] Најдобар пример на таквата посветеност на живеење на животот според своите убедувања се старогрчките мислители.

Во обете дефиниции, филозофите се посветуваат на ваквите прашања со критички, систематички и промислен приод.

Според италијанскиот поет Џакомо Леопарди, исто како поетот, и философот може да биде оригинален и да се разликува од останатите философи по тоа што на различен начин расправа за истите вистини. Во тој поглед, философот може да стане различен и изворен, и тоа, како во поглед на останатите луѓе, така и во поглед на самиот себе.[3]

Other Languages
العربية: فيلسوف
aragonés: Filosofo
azərbaycanca: Filosof
বাংলা: দার্শনিক
беларуская: Філосаф
беларуская (тарашкевіца)‎: Філёзаф
भोजपुरी: दार्शनिक
български: Философ
Boarisch: Philosoph
Чӑвашла: Философ
čeština: Filosof
Deutsch: Philosoph
eesti: Filosoof
English: Philosopher
Esperanto: Filozofo
euskara: Filosofo
فارسی: فیلسوف
français: Philosophe
Frysk: Filosoof
한국어: 철학자
հայերեն: Փիլիսոփա
हिन्दी: दार्शनिक
hrvatski: Filozof
italiano: Filosofo
עברית: פילוסוף
қазақша: Философ
Kiswahili: Mwanafalsafa
kurdî: Fîlozof
Limburgs: Filosoof
Nederlands: Filosoof
नेपाली: दार्शनिक
日本語: 哲学者
occitan: Filosòf
ਪੰਜਾਬੀ: ਦਾਰਸ਼ਨਿਕ
پنجابی: فلسفی
português: Filósofo
română: Filozof
Runa Simi: Yachay wayllukuq
русский: Философ
sardu: Filòsofu
Scots: Filosopher
Seeltersk: Philosoph
sicilianu: Filòsufi
Simple English: Philosopher
slovenčina: Filozof
کوردی: فەیلەسووف
српски / srpski: Филозоф
srpskohrvatski / српскохрватски: Filozof
Basa Sunda: Filsuf
suomi: Filosofi
svenska: Filosof
татарча/tatarça: Фәлсәфәче
українська: Філософ
Tiếng Việt: Nhà triết học
Zazaki: Filozof
中文: 哲學家