Уставно право

Уставно право е изучувањето на основачките закони кои важат за опсегот на власта и авторитетот на разни органи во врска со создавањето и извршувањето на други закони од страна на владата. Уставот важи за влада или влади, ограничувајќи го контекстот во рамките на кој се создаваат правила, толкување на истите како и примената насила во случај на нивно кршење. Уставите може да се однесуваат на разни органи како организации, здруженија, апатриди и национални држави.

Најчесто уставното право е правото на овие основачки закони, обичаи и практики кај националните држави. Не сите национални држави имаат устав, иако сите држави имаат jus commune, општо право или закон на земјата, кој се состои од разни императивни и консензуални правила, кои можат да бидат вообичаени закони, усни или писмени закони кои важат за разни јурисдикции на една таква држава. ТИе национални држави кои имаат устав, не сите се сметаат да строго напишани устави, бидејќи законите за такви случаи немора да бидат соединети во еден устав како документ или инструмент. Уставното право може да биде фактот на толкување на разни текстови кои може да влечат нешта од историјата, овичаите или непишани практики. На пример британското уставно право доаѓа од разни извори меѓу кои Магна Карта, општото право како и други вообичаени извори. Во некои земји, уставот се нарекува Основно право.

Уставните закони често може да се сметаат за закони од втор ред или правила за правење на правила за управување. Во овој контекст една од клучните задачи на уставот е да назчачи хиерархии и сооднос на власта. Така, на пример во случајот на унитарна држава, уставот е врховниот авторитет за една централна администрација, законодавство и правосудство, иако често моќта се делегира на локалните власти. Додека уставот е основачкиот закон на една федерација, тој ги назначува неколкуте нивоа на управување кои коегзистираат со исклучителни или заеднички афери на јурисдикција над законодавството, примената и извршувањето на истото.

  • Поврзано

Поврзано

Право
Scale of justice 2.svg
Правни системи Општо право | Граѓанско право | Обичајно право | Религиозно право | Социјалистичко право | Меѓународно право

Извори на правото Правна норма (Законодавство | Граѓански кодекс | Правно толкување)
Нестатутарно право ( Обичај | Првенство | Праведност)

Судско решавање Државно право (Уставно право | Административно право)
Приватно право ( Граѓанско право | Облигационо право | Договор | Деликт | Тестаменти и Фондации)
Судови ( Адверзативен систем | Инквизиторен систем | Доказ | Правосудство | Правници)

Правна наука Философија на право | Природно право | Правен позитивизам | Правен формализам | Правен реализам | Правен интерпретивизам | Феминистичка теорија на право | Економско право | Критичка правна наука | Компаративно право
Видете исто така: Листа на правни области


Other Languages
azərbaycanca: Konstitusiya hüququ
bosanski: Ustavno pravo
čeština: Ústavní právo
Esperanto: Konstitucia juro
hrvatski: Ustavno pravo
Bahasa Indonesia: Hukum konstitusional
Lëtzebuergesch: Droit constitutionnel
Nederlands: Staatsrecht
日本語: 憲法
norsk: Statsrett
norsk nynorsk: Statsrett
oʻzbekcha/ўзбекча: Davlat huquqi
slovenčina: Ústavné právo
slovenščina: Ustavno pravo
српски / srpski: Уставно право
srpskohrvatski / српскохрватски: Ustavno pravo
svenska: Statsrätt
Türkçe: Anayasa hukuku
Tiếng Việt: Luật hiến pháp