Теорија на графови

Граф со 6 јазли и 7 гранки

Теоријата на графови е област на математиката, мошне застапена во информатиката, која се занимава со истражување на особеностите на графот. Графовите се математички објекти што често ги среќаваме во секојдневниот живот како:

  • Географска мапа со многу градови кои се поврзани со патишта;
  • Собир на луѓе со меѓусебни познанства;
  • Структурна формула на некој молекул или соединение;
  • Шема на некое електрично коло.

Графовите се составени од точки односно јазли (врвови) и од линии меѓу нив односно гранки.

Многу е честа употребата на графовите за опис на моделите и на структурите на податоците. Структурата на една веб-презентација може сликовито да се претстави со употребата на графот. Јазлите на тој граф се поединечни страни, а гранките на графот се врските со кои една страна може да премине во друга.

Проучувањата на алгоритмот, кои ги решаваат проблемите на употребата на графовите, претставуваат мошне значаен дел од информатичката наука. Мрежите имаат многу примени во проучувањето на практичните аспекти на теоријата на графовите и тоа се вика анализа на мрежите. Анализата на мрежите е особено значајна за проблемот на моделирањето и анализирањето на мрежниот сообраќај на пример на интернетот.

Other Languages
አማርኛ: ሥነ ግራፍ
беларуская: Тэорыя графаў
čeština: Teorie grafů
dansk: Grafteori
Ελληνικά: Θεωρία γράφων
English: Graph theory
Esperanto: Grafeteorio
euskara: Grafo teoria
한국어: 그래프 이론
Bahasa Indonesia: Teori graf
íslenska: Netafræði
latviešu: Grafu teorija
lietuvių: Grafų teorija
Bahasa Melayu: Teori graf
монгол: Графын онол
Nederlands: Grafentheorie
日本語: グラフ理論
norsk: Grafteori
norsk nynorsk: Grafteori
português: Teoria dos grafos
sicilianu: Tiuria dî grafi
Simple English: Graph theory
slovenčina: Teória grafov
slovenščina: Teorija grafov
српски / srpski: Теорија графова
srpskohrvatski / српскохрватски: Teorija grafova
svenska: Grafteori
Türkçe: Çizge teorisi
українська: Теорія графів
Tiếng Việt: Lý thuyết đồ thị
粵語: 圖論
中文: 图论