Споменик на Јустинијан I

Поглед кон споменикот

Споменикот на Јустинијан I претставува монументален мермерен споменик во Скопје. Споменикот бил најавен како дел од т.н. проект Скопје 2014 и бил поставен на 16 јуни 2011 година.[1]


Споменикот се наоѓа на десната страна од кејот на Вардар во близина на Камениот Мост, на местото на кое се забавувале скејтерите. Скуплтурата е изработена од бел мермер со висина од 5 метри. Поставена е на постамент изработен од бел мермер со висина од 3,50 метри. На постаментот има бронзени релјефи со површина од 10,50 квадратни метри. Автор на делото е Роза Павлеска, а изработувач е уметничката галерија Пиетро Базанти е Фиљо (Pietro Bazzanti & Figlio) и уметничката леарница Фердинандо Маринели (Ferdinando Marinelli) од Фиренца, Италија. Вреноста на нарачаната скулптура била 75.640.000 денари,односно нешто повеќе од милион евра.

  • Наводи

Наводи

  1. „Се поставува Јустинијан Први“ (на македонски). Sky.mk. Петок, 17 Јуни 2011 13:55. http://sky.mk/component/content/article/1249-2011-06-17-11-56-48.html. посет. 18 јуни 2011 г. 

Other Languages