Список на претседатели на САД

Список на претседатели на Соединетите Американски Држави — список каде што се наведени само имињата на личностите кои дале заклетва за да станат Претседатели на Соединетите Американски Држави по ратификацијата на Уставот на САД, кој важи од 1789 година. За американски лидери пред ратификацијата, видете Претседател на Континенталниот Конгрес. На листата не стојат вршители на должноста по Амандман XXV од Уставот на САД.

Бројките означуваат последнователност на мандати во службата. На пример, Џорџ Вашингтон служел два пати, и се брои за прв претседател (а не за прв и втор). Џералд Форд станал претседател по оставката на Ричард Никсон, служејќи го остатокот од Никсоновиот втор мандат. Фактот што Форд не бил изгласан не влијае врз броењето, што го прави 38-миот претседател. Гровер Кливленд служел повеќе од еден мандат, но не последнователно и затоа се брои како 22-риот и 24-тиот претседател на САД. Поради ова, листава содржи 43 претседателствувања, а само 42 личности.

Other Languages
bamanankan: USA Jamanakuntigiw
кырык мары: АУШ президентвлӓ
la .lojban.: liste be lo merja'a
norsk nynorsk: Presidentar i USA
oʻzbekcha/ўзбекча: AQSH Prezidentlari roʻyxati
русиньскый: Презіденты США
srpskohrvatski / српскохрватски: Popis predsjednika SAD