Светлосна јачина

Во фотометријата, светлосната јачина е мерка за моќта што ја оддава еден извор на светлина вов даден правец по единица просторен агол. Се заснова на функцијата на сјајност, која е стандарден модел за чувствителноста на човечкото око и е пондерирана за бранова должина. Единицата за светлосна јачина во системот SI е канделата (cd), која е основна SI-единица.

Фотометријата се занимава со мерење на видливата светлина како што ја восприема окото. Човечкото око ја забележува само светлината во видливиот спектар и неговата чувствителност на светлина се разликува на различни бранови должини во рамките на спектарот. Кога е прилагоден на посилна светлина (фотопен вид), окото е најчувствително на зелено-жолто светло на бранова должина од 555 nm. Светлото со иста зрачна јачина на други бранови должини има помала светлосна јачина. Кривата што ја изразува чувствителноста на окото на светлина, е утврден стандард и се нарекува функција на сјајност (функција на светлосна јачина). Оваа крива, која се бележи со V(λ) или , се заснова на просекот од податоци добиени со голем број на опити со разни методи на мерење, а чиишто наоди во голема мера се разликуваат. На пример, чувствителноста на окото на ултравиолетова светлина во опитите се разликува за фактор десет.

Светлосната јачина се разликува од мерката за светлосен тек, која ја претставува вкупната восприемена моќ што се оддава во сите правци. Светлосната јачина ја изразува восприемената моќ по единица просторен агол. Светлосната јачина се разликува и од зрачната јачина, која е аналогна на неа, но изразува објективна физичка величина во радиометријата.

Употреба

Светлосната јачина на еднобојна светлина со извесна бранова должина λ се добива вака:

каде

Iv е светлосната јачина во кандели (cd),
Ie е зрачната јачина во вати по стерадијан (W/sr),
е стандардната функција на сјајност.

Доколку е присутна повеќе од една бранова должина (како што најчесто се случува), светлосната јачина ја добиваме со собирање или интеграција на брановите должини во сепактарот:

Other Languages
беларуская (тарашкевіца)‎: Сіла сьвятла
Boarisch: Liachtstärkn
čeština: Svítivost
dansk: Lysstyrke
Ελληνικά: Φωτεινή ένταση
Esperanto: Lumintenso
فارسی: شدت نور
한국어: 광도
հայերեն: Լույսի ուժ
Bahasa Indonesia: Intensitas cahaya
қазақша: Жарық күші
lietuvių: Šviesos stipris
Bahasa Melayu: Keamatan berluminositi
日本語: 光度 (光学)
norsk: Lysstyrke
norsk nynorsk: Lysstyrke
Plattdüütsch: Lichtstärk (Fotometrie)
русиньскый: Світивость
русский: Сила света
slovenščina: Svetilnost
suomi: Valovoima
svenska: Ljusstyrka
Türkçe: Işık şiddeti
українська: Сила світла
吴语: 发光强度
中文: 发光强度