Региони во Јапонија

Карта на регионите во Јапонија. Од север кон југ: Хокаидо (црвено), Тохоку (зелено), Канто (сино), Чибу (кафеаво), Кансај (синозелено), Чугоку (жолтеникаво зелено), Шикоку (розово) и Кјушу (жолто).

Регионите во Јапонија не претставуваат административни единици, туку опстанале поради таквата улога која ја имале во минатото. Денес сè уште се користат неслужбено, како во учебници по географија, метеоролошки билтени и во состав на имињата на установите и претпријатијата (на пр. Железница Кинки Нипон, банката Чугоку, Универзитет на Тохоку и тн).

Од север кон југ, традиционалните региони се следниве:

  • Хокаидо (островот Хокаидо и околните острови, население: 5.507.456, најголем град: Сапоро)
  • Тохоку (северно Хоншу, население: 9.335.088, најголем град: Сендај)
  • Канто (источно Хоншу, население: 42.607.376, најголем град: Токио)
    • архипелагот Нанпо: дел од пошироко Токио
  • Чибу (централно Хоншу, вклучувајќи ја планината Фуџи, население: 21.714.995, најголем град: Нагоја), понекогаш се дели на:
    • Хокурику (северозападно Чибу, најголем град: Каназава)
    • Кошинецу (северозападно Чибу, најголем град: Ниигата)
    • Токај (јужно Чибу, најголем град: Нагоја)
  • Кансај (Кинки) (западно-централно Хоншу, население: 22.755.030, најголем град: Осака)
  • Чугоку (западно Хоншу, население: 7.561.899, најголем град: Хирошима)
  • Шикоку (остров, население: 3.977.205, најголем град: Мацујама)
  • Кјушу (остров, население: 14.596.977, најголем град: Фукуока) каде спаѓаат:
    • архипелагот Рјукју (Нансеј-шото)

Секој регион опфаќа по неколку префектури, освен Хокаидо, кој е сам свој регион.

Other Languages
беларуская: Рэгіёны Японіі
Esperanto: Japanaj regionoj
한국어: 일본의 지방
hrvatski: Japanske regije
Bahasa Indonesia: Daftar daerah di Jepang
עברית: חבלי יפן
Nederlands: Regio's van Japan
日本語: 日本の地域
norsk nynorsk: Japanske regionar
Simple English: List of regions of Japan
slovenčina: Región (Japonsko)
srpskohrvatski / српскохрватски: Regije Japana
українська: Регіони Японії