Притисокот создаден од судирите на честичките во внатрешноста на затворениот сад.
Притисок (симбол: p or P) е сила применета нормално на површината на едно тело за единица површина на која е распределена таа сила. Баждарниот притисок е притисокот релативен на амбиенталниот притисок.
Се користат различни мерни единици за притисокот. Некои од овие единици се добиени како сила на единица површина, во SI единица на притисок е паскал (Pa), што е всушност еден њутн на квадратен метар. Притисокот исто така може да биде изразен и преку стандардениот атмосферски притисок, со мерна единица атмосфера (atm) и е еднаков со овој притисок и торсе дефинира како 1⁄760 од овој притисок. Манометричните единици како што се сантиметри вода, милиметри жива се користат за да искажат притисоци во однос на висината на столб на одредена течност во манометар.