Ориген

Ориген (184/5 – 253/4 год.) бил научник и теолог од ранохристијанскиот период, и еден од апологетите на раната Црква, кој бил роден во Александрија[1]. Во тогашниот процут на гностицизмот, Ориген понудил еден алтернативен христијански систем кој бил поригорозен и филозофски поприфатлив од тогашните митолошки спелкулации во гностичките секти. Во текот на петтиот и шестиот век неговото учење било испитувано во голема мера, бидејќи верувал во предегзистенцијата и селбата на душите и апокатастисот (грчки – αποκαταστασις, што значи враќање на душите во првобитна состојба). Сите овие негови учења се отфрлени како еретички од страна на Светите Отци на Црквата и биле анатемисани на Петтиот Вселенски собор во 553 год. Во Константинопол, а тој бил постхумно екскомунициран од Црквата. Поради овие учења, Ориген никогаш не бил канонизиран од страна на Црквата. Затоа што некои од неговите учења (на пример дека секој маж и жена, па дури и ѓаволот и неговите демони, во крајна линија ќе бидат спасени) се директно противречни на учењата и делата на апостолите. Ориген бил плоден писател во повеќе гранки на теологијата вклучувајќи текстуални критики, библиска егзегеза и херменевтика, филозофска теологија, проповеди и духовност. Поради ова тој бил еден од најголемите библиски схолари на раната Црква, пишувајќи коментари за повеќето книги од Библијата. Тој го толкувал Светото Писмо буквално и алегорично. Се стекнал со видно филозофско образование, и затоа некои од неговите учења биле со нео-платоновски и нео-питагорејски карактер.

Other Languages
Afrikaans: Origenes
العربية: أوريجانوس
asturianu: Oríxenes
azərbaycanca: Origen
беларуская: Арыген
български: Ориген
català: Orígenes
čeština: Órigenés
Cymraeg: Origen
dansk: Origenes
Deutsch: Origenes
eesti: Origenes
Ελληνικά: Ωριγένης
English: Origen
español: Orígenes
Esperanto: Origeno
euskara: Origenes
فارسی: اوریجن
français: Origène
Frysk: Origenes
galego: Oríxenes
한국어: 오리게네스
հայերեն: Որոգինես
hrvatski: Origen
Bahasa Indonesia: Origenes
interlingua: Origenes
italiano: Origene
עברית: אוריגנס
Basa Jawa: Origenes
ქართული: ორიგენე
Kiswahili: Origen
Latina: Origenes
latviešu: Origens
lietuvių: Origenas
Malagasy: Origène
മലയാളം: ഒരിജൻ
مصرى: اوريجن
Nederlands: Origenes
日本語: オリゲネス
norsk: Origenes
Picard: Origène
polski: Orygenes
português: Orígenes
română: Origene
русский: Ориген
Scots: Origen
shqip: Origjeni
Simple English: Origen
slovenčina: Órigenes
slovenščina: Origen
српски / srpski: Ориген Адамантије
srpskohrvatski / српскохрватски: Origen
suomi: Origenes
svenska: Origenes
Tagalog: Origenes
Türkçe: Origenes
українська: Ориген
اردو: اوریجن
Tiếng Việt: Origenes
中文: 奧利振