Олимписки богови

Дванаесетте олимписки богови од Монсје, датира од XVIII век.

Олимписките богови или дванаесетте олимписки богови, познати и како Додекатеон (грчки: Δωδεκάθεον < δώδεκα, додека, „дванаесет“ + θεοί, тео, „богови“), во грчката митологија, се главните богови на грчкиот пантеон, живеејќи на врвот на планината Олимп. Првиот антички навод за религиозни свечености приредени во нивна чест е најден во Хомеровата химна за Хермес. Класичната шема на Дванаесетте олимписки богови (Прописните дванаесеттемина на уметноста и поезијата) е составена од следните богови: Зевс, Хера, Посејдон, Деметра, Арес, Хермес, Хефест, Афродита, Атена, Аполон, Артемида и Хестија. Соодветната римска шема е составена од следниве богови: Јупитер, Јунона, Нептун, Керера, Марс, Меркур, Вулкан, Венера, Минерва, Аполон, Дијана и Веста.[1]

Во антиката, сепак, имало, доста расправи околу тоа кој сè се вбројува меѓу олимписките богови.[2] Околу 400 години пр.н.е. Херодот во неговиот Додекатеон ги вклучил следниве божества: Зевс, Посејдон, Хера, Атена, Хермес, Аполон, Алфеј, Крон, Реја и Грациите.[3] Виламовиц се согласува со Херодоровата верзија на дванаесетката.[4]

Херодот го вбројува Херакле како еден од дванаесетката.[5] Лукијан ги вклучува Херакле и Асклепиј во дванаесетката, без при тоа да објасни кои два бога ги исфрла. На Кос, Херакле и Дионис се додадени на дванаесетката, а Арес и Хефајст се изоставени.[6] Како и да е, Пиндар, Аполодор[7] и Херодор не се согласуваат со ова. За нив Херакле не е еден од дванаесетте олимписки богови, туку оној кој го востановил нивниот култ[3].

Олимписки богови

Грчко имеРимско имеСтатуаБог/Божица на...Поколение
ЗевсЈупитерJupiter Versailles Louvre Ma78.jpgКрал на боговите и владетел на Олимп; бог на небото, бурата и правдата.Прво
ХераЈунонаHera Campana Louvre Ma2283.jpgКралица на боговите и владетелка на небото; заштитничка на жените, бракот и мајчинството.Прво
ПосејдонНептунNeptune fountain02.jpgГосподар на морето; бог на морињата, земјотресите и создател на коњите.Прво
ДеметраКалкцевераDemeter Altemps Inv8546.jpgБожица на плодноста, полјоделството, природата и годишните времиња.Прво
ХестијаВестаHestia-meyers.pngБожица на срцето и домашното огниште (се повлекува од дванаесетката и му го отстапува местото на богот Дионис).Прво
АфродитаВенераNAMA 262 Aphrodite Epidaure 2.JPGБожица на љубовта, убавината, страсните желби и плодноста.Второ [а]
АполонАполонRoman Statue of Apollo.jpgБог на сонцето; бог на светлината, исцелувањето, музиката, поезијата, пророштвата, стреларството и вистината.Второ
АресМарсAres villa Hadriana.jpgБог на војната, бесот, омразата и крвопролевањето.Второ
АртемидаДијанаDiane de Versailles Leochares 2.jpgБожица на ловот и месечината, заштитничка на младите девојки и новороденчињата.Второ
АтенаМинерваAthena Giustiniani Musei Capitolini MC278.jpgБожица на мудроста, човечките занаети и стратешките борби.Второ
ХефестВулканVulcan Coustou Louvre MR1814.jpgКовач на боговите; бог на огнот и коваштвото.Второ
ХермесМеркурHermes-louvre3.jpgГласник на боговите; бог на трговијата, брзината, крадците и занаетот.Второ
Белешки
  • а ^ Според наизменична верзија на нејзиното раѓање, Афродита е родена како ќерка на Уран — откако Крон ги фрлил кастрирани гениталиите на Уран во морето. Ова ја поддржува етимологијата на нејзиното име, „родена во морската пена“. Како таква, Афродита би припаѓала на горното поколение, или на некое еднакво на неа, односно на Зевс и неговите браќа и сестри. Погледни - Афродита.
  • Наводи

Наводи

  1. „Greek mythology“. Encyclopedia Americana 13. (1993).
    * „Dodekatheon“. Papyros-Larousse-Britanicca. (2007).
  2. According to Stoll, Heinrich Wilhelm (translated by R. B. Paul) (1852). Handbook of the religion and mythology of the Greeks. Francis and John Rivington. стр. 8. „The limitation of their number [of the Olympians] to twelve seems to have been a comparatively modern idea“ 
  3. 3,0 3,1 „Dodekatheon“. Papyros-Larousse-Britanicca. (2007).
  4. Wilamowitz-Moellendorff, Ulrich von (1931-1932) (на Deutch). Der Glaube der Hellenen (Volume 1). Berlin: Weidmansche Buchhandlung. стр. 329. 
  5. Herodotus, 43-44
  6. Berger-Doer, Gratia. (1986). „Dodekatheoi“. Lexicon Iconographicum Mythologiae Classicae 3: 646-658.
  7. Pindar, Olympian Odes, 10.49
Other Languages
Afrikaans: Olimpiese gode
aragonés: Olimpians
azərbaycanca: Olimp tanrıları
беларуская: Алімпійскія багі
беларуская (тарашкевіца)‎: Алімпійскія багі
català: Olímpics
čeština: Olympané
Esperanto: Olimpanoj
hrvatski: Olimpski bogovi
Bahasa Indonesia: 12 Dewa Olimpus
íslenska: Ólympsguðir
italiano: Olimpi
Basa Jawa: 12 Déwa Olimpus
latviešu: Olimpa dievi
Lëtzebuergesch: Olympesch Gëtter
lietuvių: Olimpo dievai
Bahasa Melayu: 12 Dewa Olympus
Nederlands: Olympische goden
norsk nynorsk: Dei olympiske gudane
پنجابی: 12 اولمپی
Plattdüütsch: Olympsche Gödder
português: Deuses olímpicos
sicilianu: Olimpi
Simple English: Twelve Olympians
slovenčina: Olympskí bohovia
slovenščina: Dvanajst bogov Olimpa
српски / srpski: Олимпски богови
srpskohrvatski / српскохрватски: Olimpska božanstva
Türkmençe: Grek Taňrylary
українська: Олімпійські боги
vepsän kel’: Olimpalaižed jumalad