Нигерија

Федерална република Нигерија
Republik Nijeriya
Republic ndi Naigeria
Republik Federaal bu Niiseriya
Orílẹ̀-èdè Olómìnira Àpapọ̀ Naìjírìà
ЗнамеГрб
Гесло"Unity and Faith, Peace and Progress"  (официјално)
(Единство и верба, мир и напредок)
Химна"Arise, O Compatriots"  (официјално)
(Кренете се, о земјаци)
Главен градАбуџа
Најголем градЛагос
Службен јазиканглиски
Признаени регионални јазицихауса, игбоански, јорупски, нигериски јазици
ДемонимНигеријци
УредувањеПретседателска Федерална Република
 • ПретседателГудлак Џонатан (PDP)
 • Претседател на СенатотДавид Марк (PDP)
 • Спикер на Куќа на ПретставнициДимежи Банколе (PDP)
 • Шеф на ПравдаИдрис Кутиги
Обединување на Јужна и Северна Нигерија
 • од страна на Фредерик Лугард1914 
 • Прогласена РепубликаОктомври 1, 1963 
Површина
 • Вкупна (32-ра)
 • Вода (%)1.4
Население
 • проценка за 2007 Обединети Нации г.148,000,000[1] (8-ми)
 • Густина145 жит/км2 (71-ви)
БДП (ПКМ)проценка за 2007 г.
 • Вкупен$291.709 билиони[2] (38-ми²)
 • По жител$2,027[2] (137-ми²)
БДП (номинален)проценка за 2007 г.
 • Вкупно$166.985 билиони[2] (41-ви)
 • По жител$1,160[2] (126-ти)
Џиниев коеф. (2003)43.7
среден
ИЧР (2013) 0.504[3]
низок
ВалутаНигериски наиру (₦) (NGN)
Часовен појасЗАВ (UTC+1)
 • (ЛСВ)not observed (UTC+1)
Се вози надесно
НДД.ng
Повик. бр.234
1 Проценките за оваа земја претежно зависат од ефектите на преголемата смртност од СИДА; ова може да резултира со понизок животен век, повисока смртност на новороденчиња, пониска популација и растеж, и промени во поделбата на популацијата според полот. ² Проценката на БДП е од 2006; целосниот и per capita се базирани на бројки од 2005.


Нигерија е држава во Западна Африка. Таа на север се граничи со Нигер, на исток со Камерун, на запад со Бенин, а на југ широко излегува на Гвинејскиот Залив. Во овие граници Нигерија зафаќа површина од 923 км2. На тој простор денес живеат околу 124 милиони луѓе. Според бројот на населението таа е најголема држава во Африка.Главен град на државата е Абуџа. Тој е културен, трговски, политички и пристанишен град. Други поголеми градови се Лагос Лбадан, Лфе, итн. Домашна валута е „нигериски наиру“.

Историја

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Историја на Нигерија.

Најраните извори за живот на територијата на денешна Нигерија датираат од 9000 п.н.е. Во 4000 п.н.е. на овие простори било развиено земјоделството и грнчаријата. Во Таруга биле отворени првите работилници за обработка на метали. Во околу 1000 п.н.е. на овие простори се развила цивилизацијата Нок[4], која мистериозно до денеска исчезнала. Според некои истражувачи и историчари, се смета дека цивилизацијата исчезнала главно поради болести или глад. Некои сметаат пак дека оваа цивилизација е директен наследник на египетската цивилизација.[5] Се смета дека оваа цивилизација го дала почетокот на железната епоха во супсахарска Африка. Големиот број на скулптури се сметаат за главен доказ за постоењето на предколонијална цивилизација на овие простори.

На територијата на Нигерија до 16 век постоеле голем број на империи и царства, а како најголемо е онаа на Нри кое било основано во 9 век. Ова царство постоело околу 1000 години, но и покрај својата мала територија, тое остало огромно културно и политичко наследство во југоисточна Нигерија. Во следните векови се појавиле поголем број на царства, од кои најзначителни се Бенинска империја, Јоруба, Ифе, голем број на град-држави, Царство Сонгхај и Борнуанска импеирја. Во Северна Нигерија во 9 век било формирано трговското царство Канем-Борну, со седиште околу езерото Чад. Својата моќ на царството се согледувала во својата трговска размена со Берберите. Европските трговци на бреговите од земјата пристигнале или започнале да се населуваат од 17 век. Локалното население главно било користено за трговија со робови кои главно биле транспортирани во Северна Америка или Јужна Америка. Кон крајот на 19 век, Англичаните успеале да ја заземат контролата врз Западна Африка, а Нигерија станала протекторат на Британската империја од 1 јануари 1901 година. Во 1914 година била создадена т.н. Колонија и протекторат Нигерија, која била формално разделена на јужна и северна, како и колонијата Лагос. По крајот на Втората светска војна започнало да се создава национално движење за добивање на независност на земјата. Така ова се остварило во октомври 1960 година, по кое Нигерија била конструирана како федеративна република. На чело на државата застанал монарх, а законодавната власт припаѓала на парламентот. Во 1963 година земјата била официјално признаена за федерална република, а генералот Намди Азикиве станал првиот претседател на земјата. Таа држава во историјата на Нигерија е позната како Прва Нигериска Република. Овој период бил одбележан со голем број на етнички конфликти, главно поради голем број на вероисповеди и народи од една страна, и економската состојба на земјата од друга страна.

На 15 јануари 1966 година во земјата се случил државен удар во кој бил убиен претседателот Абубакар Тафава. Следувал период на милитаристичко управување на земјата, но сепак земјата не успеала да излезе од економските си проблеми. Во 1967 година полковникот Емека Оџувку успеал да се одвои и да прогласи независност на источниот регион на земјата под името Република Бијафра. По ова следувала граѓанската војна која довела до смрт на повеќе од еден милион луѓе и победа над Бијафра.[6] Во 1975 година милитаристите биле симнати од власт од страна на Муртала Мохамед, кој на власт пак се задржал само една година кога повторно бил извршен државен удар, овој пат од страна на генералот Олусегун. По ова, овој период од историјата на Нигерија е познат како Втора нигерска република. Во тој период бил донесен нов устав. Но во 1983 година републиканците биле симнати од власт и повторно била наложена воена управа од страна на Врховниот воен совет, кој траел две години. Во 1985 година генералот Ибрахим Бабангида успеал да ја зазеде власта и ги обвинил поранешните водачи на земјата дека ги нарушиле основните човечки права. Тој ги ослободил политичките затвореници и дал голем улог во економското развивање на земјата. Овој период е познат како период на Трета нигерска република. Во 1992 година се спровеле избори во кој како победник излегол Мошуд Абиола. Бабангида не ги прифатил резултатите. По ова следувале протести и конфликти. Власта била предадена на Ернест Шонекан кој управувал привремено и закажал избори за 1994 година. Но на 17 октомври 1993 година министерот на одбраната Сани Абача успеал да му одаде притисок на Шонекан, кој си поднел оставка, по кое тој ја презел власта. Тој владеел до 1998 година, кога починал од инфаркт. Власта била заземена од Абдулсалами Абубакар со кое е даден почетокот на Четвртата нигерска република.

Конфликтот од 2010

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Нередите во Јос, 2010.

Во почетокот на 2010 година, во Нигерија избувнале немири помеѓу христијанското и муслиманското население во Централна Нигерија, во близина на градот Јос. Конфликтот главно и во елина имал религиозен карактер[7][8], како и етничките и економските разлики. [9] Првиот облик на насилство започнал на 17 јануари 2010 и траел најмалку четири дена. голем број на куќи, цркви, џамии, возила биле уништени за време на конфликтот.[10] Најмалку 200 луѓе биле убиени. Конфликтите продолжиле и во наредните месеци (март). Според New York Times, голем број на христијански жители биле заклани.[11]

На 7 март 2010 година, повеќе од 100 христијани биле убиени од страна на Хауса-Фулани, во селото Дого-Нахава, во близина на градот Јос.[12][13] Нападите продолжиле четири часа,[14], вклучувајќи и и соседните села.[15]Поради ова се јавил голем страв од страна на селаните, кои во целина биле христијани.[16] Голем број на згради пострадале во нападите. .[16]Поолемиот дел од жртвите биле жени и деца.[12] Помеѓу жртвите се нашло и едно тримесечно бебе. [17]Труповите биле расфрлени по улиците.[14]Вицепретседателот Гудлук Џонатан изјавил дека убијците ќе бидат фатени.[13]Бројот на жртвите подоцна се искачил на 300[18], а подоцна и на 500.[19]Стотици луѓе ги напуштиле своите домови од страв дека напаѓачите повторно ќе се вратат.[20]

Other Languages
Acèh: Nigeria
адыгабзэ: Нигерие
Afrikaans: Nigerië
Akan: Alata man
Alemannisch: Nigeria
አማርኛ: ናይጄሪያ
Ænglisc: Nigeria
العربية: نيجيريا
aragonés: Nicheria
arpetan: Nig·èria
অসমীয়া: নাইজেৰিয়া
asturianu: Nixeria
Avañe'ẽ: Nihéria
azərbaycanca: Nigeriya
تۆرکجه: نیجریه
bamanankan: Nijeria
Bahasa Banjar: Nigeria
Bân-lâm-gú: Nigeria
башҡортса: Нигерия
беларуская: Нігерыя
беларуская (тарашкевіца)‎: Нігерыя
भोजपुरी: नाइजीरिया
Bikol Central: Nigerya
български: Нигерия
Boarisch: Nigeria
བོད་ཡིག: ནི་ཇི་རི་ཡ།
bosanski: Nigerija
brezhoneg: Nigeria
буряад: Нигери
català: Nigèria
Чӑвашла: Нигери
Cebuano: Nigeria
čeština: Nigérie
Chavacano de Zamboanga: Nigeria
chiShona: Nigeria
Cymraeg: Nigeria
dansk: Nigeria
davvisámegiella: Nigeria
Deutsch: Nigeria
ދިވެހިބަސް: ނައިޖީރިއާ
dolnoserbski: Nigerija
eesti: Nigeeria
Ελληνικά: Νιγηρία
English: Nigeria
español: Nigeria
Esperanto: Niĝerio
estremeñu: Nigéria
euskara: Nigeria
eʋegbe: Naidzeria
فارسی: نیجریه
Fiji Hindi: Nigeria
føroyskt: Nigeria
français: Nigeria
Frysk: Nigearia
Fulfulde: Niiseriya
Gaeilge: An Nigéir
Gaelg: Yn Naigeer
Gagauz: Nigeriya
Gàidhlig: Nìgeiria
galego: Nixeria
贛語: 尼日利亞
Gĩkũyũ: Nigeria
ગુજરાતી: નાઇજીરીયા
客家語/Hak-kâ-ngî: Nigeria
한국어: 나이지리아
Hausa: Nijeriya
Հայերեն: Նիգերիա
हिन्दी: नाईजीरिया
hornjoserbsce: Nigerija
hrvatski: Nigerija
Ido: Nigeria
Igbo: Naigeria
Ilokano: Nigeria
বিষ্ণুপ্রিয়া মণিপুরী: নাইজেরিয়া
Bahasa Indonesia: Nigeria
interlingua: Nigeria
Interlingue: Nigeria
Ирон: Нигери
isiXhosa: INigeria
isiZulu: INigeria
íslenska: Nígería
italiano: Nigeria
עברית: ניגריה
Basa Jawa: Nigéria
ಕನ್ನಡ: ನೈಜೀರಿಯ
Kapampangan: Nigeria
ქართული: ნიგერია
қазақша: Нигерия
kernowek: Nijeri
Kinyarwanda: Nijeriya
Kiswahili: Nigeria
Kongo: Nizeria
Kreyòl ayisyen: Nijerya
kurdî: Nîjerya
Кыргызча: Нигерия
кырык мары: Нигери
Ladino: Nijeria
лезги: Нигерия
لۊری شومالی: نیجریه
latgaļu: Nigereja
Latina: Nigeria
latviešu: Nigērija
Lëtzebuergesch: Nigeria
lietuvių: Nigerija
Ligure: Nigeria
Limburgs: Nigeria
lingála: Nizeria
Livvinkarjala: Nigerii
la .lojban.: nixerias
Luganda: Nigeria
lumbaart: Nigeria
magyar: Nigéria
Malagasy: Nizeria
മലയാളം: നൈജീരിയ
Malti: Niġerja
მარგალური: ნიგერია
مازِرونی: نیجریه
Bahasa Melayu: Nigeria
Baso Minangkabau: Nigeria
Mìng-dĕ̤ng-ngṳ̄: Nigeria
монгол: Нигери
Nāhuatl: Nigeria
Nederlands: Nigeria
Nedersaksies: Nigeria
नेपाली: नाइजेरिया
नेपाल भाषा: नाइजेरिया
нохчийн: Нигери
Nordfriisk: Nigeeria
Norfuk / Pitkern: Niijiirya
norsk: Nigeria
norsk nynorsk: Nigeria
Novial: Nigeria
occitan: Nigèria
ଓଡ଼ିଆ: ନାଇଜେରିଆ
oʻzbekcha/ўзбекча: Nigeriya
ਪੰਜਾਬੀ: ਨਾਈਜੀਰੀਆ
Pälzisch: Nigeria
پنجابی: نائیجیریا
Papiamentu: Nigeria
Patois: Naijiiria
Piemontèis: Nigeria
Tok Pisin: Naijiria
Plattdüütsch: Nigeria
polski: Nigeria
português: Nigéria
Qaraqalpaqsha: Nigeriya
qırımtatarca: Nigeriya
română: Nigeria
Runa Simi: Niqirya
русиньскый: Ніґерія
русский: Нигерия
саха тыла: Нигерия
Gagana Samoa: Nigeria
संस्कृतम्: नैजीरिया
Sängö: Nizerïa
sardu: Nigéria
Scots: Nigerie
Seeltersk: Nigeria
Sesotho: Nigeria
Sesotho sa Leboa: Nigeria
shqip: Nigeria
sicilianu: Nigeria
Simple English: Nigeria
SiSwati: INayijeriya
slovenčina: Nigéria
slovenščina: Nigerija
ślůnski: Ńigeryjo
Soomaaliga: Nayjeeriya
کوردی: نێجیریا
српски / srpski: Нигерија
srpskohrvatski / српскохрватски: Nigerija
Basa Sunda: Nigéria
suomi: Nigeria
svenska: Nigeria
Tagalog: Nigeria
தமிழ்: நைஜீரியா
Taqbaylit: Nijirya
tarandíne: Nigerie
татарча/tatarça: Нигерия
తెలుగు: నైజీరియా
ትግርኛ: ናይጂሪያ
тоҷикӣ: Нигерия
ᏣᎳᎩ: ᏂᏥᎵᏯ
Türkçe: Nijerya
Türkmençe: Nigeriýa
українська: Нігерія
ئۇيغۇرچە / Uyghurche: نىگېرىيە
Vahcuengh: Nizywlihya
vèneto: Nigeria
vepsän kel’: Nigerii
Tiếng Việt: Nigeria
Volapük: Nigeriyän
Võro: Nigeeriä
walon: Nidjeria
文言: 尼日利亞
West-Vlams: Nigeria
Winaray: Nigeria
Wolof: Niseeria
吴语: 尼日利亚
Xitsonga: Nayjeriya
ייִדיש: ניגעריע
Yorùbá: Nàìjíríà
粵語: 尼日利亞
Zazaki: Nicerya
Zeêuws: Niheria
žemaitėška: Nigerėjė
中文: 奈及利亞
डोटेली: नाइजेरिया
Kabɩyɛ: Naajeeriya