Манга

Википе-Тан, пример на девојче нацртано во манга стил

Манга (во канџи: 漫画; во хирагана: まんが; и во катакана: マンガ) е специфичен начин на цртање стрипови кој е развиен во Јапонија во доцните години од XIX век.[1][2][3] Во нивната модерна форма, манга-стриповите датираат кратко по Втората Светска Војна,[4] но пред тоа тие имаат долга и комплицирана историја во раната јапонска уметност.[5][6][7]

Во Јапонија, луѓе од сите возрасти читаат манга-стрипови.[2] Овие стрипови можат да бидат во различни жанрови, како акција-авантура, романтика, спорт и игри, историја, комедија, научна фантастика, мистерија, хорор, секс, па дури и бизнис.[2] Со својот почеток во 1950-тите, мангата сега е еден голем дел од јапонската издавачка ингустрија,[4][8] заработувајќи 481 милијарда јени во Јапонија во 2006[9] (приближно 4,4 милијарди американски долари).[10] Покрај Јапонија, мангата е доста популарна и низ целиот свет.[11][12]

Во 2006, американскиот пазар од манга заработи 175−200 милиони долари.[13] Мангата традиционално е печатена во црно-бела техника,[14] иако постојат неколку манга-стрипови во боја.[15] Во Јапонија, мангата е произведувана во стрипови со големина на телефонски именик, кои често во себе содржат повеќе различни приказни кои се продолжуваат во следното издание.[2][7] Ако некој манга-стрип постигне голема популарност, тој може да биде адаптиран во аниме (Анимирана серија чија тематика е инспирирана од некоја манга), по или дури неговото издавање,[16] иако понекогаш мангата е базирана на веќе постоечки играни или анимирани филмови[17] (на пр. Војна на ѕвездите).

„Манга“ како збор користен надвор од Јапонија се одзива специфично на стриповите кои оригинално потекнуваат од Јапонија.[18] Како и да е, Манга-стрипови се произведуваат насекаде во светот, особено во Тајван („Manhua“), Јужна Кореја („Manhwa“),[19][20] и во Кина, особено во Хонгконг („Manhua“).[21] Во Франција, „la nouvelle manga“ развиле свој сопствен стил на цртање стрипови кој е под големо влијаније на јапонската манга.[22] Во САД, стриповите кои се под влијание на мангата, луѓето ги нарекуваат „Америманга“, „светска манга“, или „оригинална манга на англиски јазик“ (ОАЛ-Манга).[23]

Етимологија

Јапонскиот збор манга, буквално преведен, значи „оригинални слики“. Овој збор за прв пат дошол во секојдневна употреба при крајот на 18тиот и почетокот на 19тиот век со објавувањето на делата како сликовницата Shiji no yukikai на Санто Кијоден во 1798, Manga hyakujo на Аикава Минва во 1814, и прочуената „Хокусаева манга“ во која се содржат цртежи од скицникот на познатиот дрворезен ( укијо-е) уметник Хокусај.[24] Ракутен Китазава (1876–1955) прв го искористил зборот „манга“ во модерната смисла.[25]

Other Languages
Afrikaans: Manga
Alemannisch: Manga
አማርኛ: ማንጋ
العربية: مانغا
aragonés: Manga
asturianu: Manga
azərbaycanca: Manqa
বাংলা: মাঙ্গা
Bahasa Banjar: Manga
Bân-lâm-gú: Ji̍t-pún bàng-gah
беларуская: Манга (мастацтва)
беларуская (тарашкевіца)‎: Манга
български: Манга
བོད་ཡིག: མན་གྷ།
bosanski: Manga
català: Manga
čeština: Manga
Cymraeg: Manga
dansk: Manga
davvisámegiella: Manga
Deutsch: Manga
eesti: Manga
Ελληνικά: Manga
English: Manga
español: Manga
Esperanto: Mangao
euskara: Manga
فارسی: مانگا
français: Manga
Gaeilge: Manga
Gaelg: Manga
galego: Manga
贛語: 漫畫
한국어: 일본 만화
հայերեն: Մանգա
हिन्दी: मांगा
hrvatski: Manga
বিষ্ণুপ্রিয়া মণিপুরী: মাঙ্গা
Bahasa Indonesia: Manga
íslenska: Manga
italiano: Manga
עברית: מאנגה
Basa Jawa: Manga
ಕನ್ನಡ: ಮಂಗಾ
ქართული: მანგა
қазақша: Манга
Kiswahili: Manga
kurdî: Manga
Latina: Manga
latviešu: Manga
Lëtzebuergesch: Manga
lietuvių: Manga
lumbaart: Manga
magyar: Manga
മലയാളം: മംഗ (കോമിക്)
مصرى: مانجا
Bahasa Melayu: Manga
монгол: Манга
Nāhuatl: Manga
Nederlands: Manga (strip)
日本語: 日本の漫画
Napulitano: Manga
norsk: Manga
ଓଡ଼ିଆ: ମାଂଗା
oʻzbekcha/ўзбекча: Manga
ਪੰਜਾਬੀ: ਮਾਂਗਾ
polski: Manga
português: Mangá
română: Manga
Runa Simi: Manga
русский: Манга
sardu: Manga
Scots: Manga
shqip: Manga
Simple English: Manga
slovenčina: Manga
slovenščina: Manga
ślůnski: Manga
српски / srpski: Manga
srpskohrvatski / српскохрватски: Manga
Basa Sunda: Manga
suomi: Manga
svenska: Manga
Tagalog: Manga
தமிழ்: மங்கா
ไทย: มังงะ
українська: Манґа
اردو: مانگا
Tiếng Việt: Manga
Winaray: Manga
吴语: 日本漫画
Yorùbá: Mángà
粵語: 日本漫畫
中文: 日本漫画