Личен сметач

Личен сметач (ЛС; англ. personal computer) е секој сметач за општа намена чија големина, способности и продажна цена го прави корисен за поединците, наменет за директна употреба од страна на крајниот корисник, без вмешување на оператор, за разлика од системите за секвенцијална обработка или моделите на сметачи кои работат според принципот на делење на ангажираното време на главниот сметачки обработувач кои бараат многу скапи главни (mainframe) сметачки системи што се користат од страна на многу луѓе, вообичаено во исто време или при масовна обработка на податоци, кои бараат персонал со полно работно време за да работат ефикасно.

Илустрација на столен личен сметач

Личен сметач може да биде столен сметач (desktop computer), преносен сметач (laptop), плочест ЛС (tablet PC) или рачен преносен сметач (palmtop). Најчести микрообработувачи во личните сметачи се x86 компатибилните обработувачи. Софтверските апликации за личните сметачи вклучуваат обработка на текст, табеларни пресметки, бази на податоци, веб пребарувачи и клиенти за е-пошта, игри, различен софтвер за лична употреба и софтвер за специјални цели и намени. Современите лични сметачи имаат можност за пристап до интернет со голема брзина на пристап или пак преку телефонска парица (dial-up) со ниска брзина на пристап, овозможувајќи пристап на веб и широк спектар на други ресурси на Интернет.

Личниот сметач може да се користи дома или во канцеларија. Личните сметачи може да бидат поврзан во локална компјутерска мрежа, преку кабел или безжично.

Во почетокот од развојот на личните сметачи корисниците морале да пишуваат свои програми за да направат нешто корисно со машините, денешните корисници имаат пристап до најразличен комерцијален и некомерцијален софтвер кој е веднаш подготвен за работа или е подготвен во форма пред компајлирање. Од 1980-тите, „Мајкрософт“ и „Интел“ доминираат на пазарот за лични сметачи со таканаречената Винтел платформа (Wintel).

Other Languages
العربية: حاسوب شخصي
Bân-lâm-gú: Kò-jîn tiān-náu
беларуская (тарашкевіца)‎: Пэрсанальны кампутар
føroyskt: Eginteldur
客家語/Hak-kâ-ngî: Ke-ngìn thien-nó
Bahasa Indonesia: Komputer pribadi
interlingua: Computator personal
íslenska: Einkatölva
עברית: מחשב אישי
Bahasa Melayu: Komputer peribadi
Nederlands: Personal computer
norsk nynorsk: Personleg datamaskin
oʻzbekcha/ўзбекча: Shaxsiy kompyuter
português: Computador pessoal
Simple English: Personal computer
slovenčina: Osobný počítač
српски / srpski: Лични рачунар
srpskohrvatski / српскохрватски: Osobni kompjuter
svenska: Persondator
Türkmençe: Kompỳuter ulanmak
Tiếng Việt: Máy tính cá nhân
West-Vlams: Personal computer
粵語: 個人電腦
中文: 个人电脑