Лешек Белиот

Лешек Белиот на цртеж

Лешек I Белиот (пол. Leszek Biały; ~ 11861227) — кнез на Сандомјеж и (од 1202 до 1206 г.), Кнез на Краков. Лешек бил владетел на Полска од 1194-1227 освен во кратките периоди кога бил симнуван од власт во 1200, 1201 и 1206 г. Неговото право на престолот го оспорувале Мјешко III Стариот и Владислав III Тенконогиот. Лешек бил официјално крунисан во 1202 г.

Други извори даваат уште посложена слика за владеењето на Лешек, каде помеѓу 1198 и 1211 г. Лешек бил симнуван од престолот на уште повеќе наврати. Според овој план, се смета дека тој бил отстранет во 1198, вратен во 1199, симнат во 1202 и повторно поставен во 1206, па потоа отстранет по трет пат во 1210 и поставен во 1211 г. При неговото трето симнување од власт, за врховен владетел на полска бил назначен Мјешко IV Плетоногиот.

Лешек бил син на Казимјеж II Праведниот и жена му Хелена Зноемска. Со смртта на Казимјеж, Лешек се повикал на правото врз територии од Сандомјеж.

Во 1205 г. Лешек го поразил Роман Мстиславич, Кнез на Киевска Русија, во битката кај Завихост во Малополска.

Во 1207 г. Лешек ја ставил Полска под вазалство на папата (тогаш, Инокентиј III). Ова ја поставило Полска во дружината на пропапски територии кои ѝ се спротиставувале на власта на Светиот Римски цар.[1]

По ова, Лешек влегол во потесна соработка со архиепископот Хенрик Кјетлич во имплементацијата на реформите на папата Инокентиј III.[2]

Лешек војвуал со Унгарија за власта над Галиција, но не успеал да ја прошири својата власт над тие територии.[3] Меѓутоа Лешек постигнал спогодба со Унгарија за ширење кон исток, според која унгарскиот принц би се оженил за една од Лешековите ќерки и така што биде поставен за вазал на Унгарија, со очигледна корист и за Полска. Меѓутоа кралот Данило Галички, син на починатиот крал Роман Мстиславич, во 1214 успеал да ја дограби власта во Галиција и така намерите на Полска за превласт и ширење на католицизмот во тие краеви пропаднале.[2]

Other Languages
беларуская: Лешак Белы
čeština: Lešek I. Bílý
Deutsch: Leszek I.
français: Lech le Blanc
한국어: 레셰크 1세
Nederlands: Leszek I van Polen
日本語: レシェク1世
português: Lesco I, o Branco
русский: Лешек Белый
српски / srpski: Лешко I Пјаст
Türkçe: Leszek Biały
українська: Лешко I Білий