Идол

Идол најчесто бил предмет кон кој биле насочени барањата, желбите, молитвите и верувањата наа древните народи. Комуникацијата и обожувањето на таквите предмети е именувано како идолопоклонство. Идолите биле поседувани од поединците, групите, заедниците, но и од целите народи.Низ цивилизацискиот развоен пат на човештвото забележано е огромно присуство и силно значење на идолите, со кои во дадените периоди луѓето се идентификувале. Иделопоклонството ја носело во себе потребата на човекот да го доближи (создаде партнерскиот однос) божественото до себе и да ги макар делумно превземе возвишените карактеристики на замислената вредност.

Идол во јужнословенскиот контекст

Идол како сакрален предмет бил дел од многубожеското поклонство на старите Словени. Иако Константин Јиричек во своето дело Gesxicxteder Serbien тврди дека кај Србите не постоело идолопоклонство (јужнословенски контекст), а полскиот истражувач тврдел дури и дека тие воопшто не биле познати кај старите Словени, старите документи и хроники најчесто запишани од христијанските мисионери и хронолози го тврдат спротивното. Сакс Граматик во своите записи прецизно ги опишувал идолите на кои им се поклонувале паганите: некои биле лошо изработени, некаде со дух и смисла вклопени во средината како естетска целост, некои биле толку големи што едвај четири вола можеле да ги повлечат, а некаде со големина на десетици центиметри. Идолите биле украсувани со злато и сребро, како идолот на Перун во Киев кој бил изработен од дрво, но имал сребрена глава и мустаќи и брада од злато.

Other Languages
العربية: صنم
беларуская: Ідал
català: Ídol
čeština: Modla
Deutsch: Idol
eesti: Iidol
Ελληνικά: Είδωλο
English: Cult image
español: Ídolo
Esperanto: Idolo
euskara: Idolo
français: Idole
한국어: 우상
հայերեն: Կուռք
hrvatski: Kumir
Ido: Idolo
italiano: Idolo
magyar: Bálvány
Nederlands: Afgod
日本語: 偶像
norsk: Idol
norsk nynorsk: Idol
олык марий: Полган
português: Ídolo
română: Idol
русский: Идол
саха тыла: Эмэгэт
Simple English: Idol
سنڌي: بت
slovenščina: Kultna podoba
српски / srpski: Идол
srpskohrvatski / српскохрватски: Idol (religija)
svenska: Idol
Tagalog: Idolo
Türkçe: İdol
українська: Ідол
اردو: بت
Zazaki: İdol