Зет-Икс Спектрум

Зет-Икс Спектрум од 1982.

Синклер Зет-Икс Спектрум ( анг. Sinclair ZX Spectrum) — 8- битен домашен сметач произведен во Обединетото Кралство од 1982 од Sinclair Research Ltd. Името на машината (спектрум) требало да потенцира дека работи со екран во боја, за разлика од својот претходник, Зет-Икс 81. [1]

Спектрум бил еден од првите сметачи во Обединетото Кралство за широка употреба и имал слично значење во популаризацијата на домашните сметачи како и неговиот пандан од САД - Комодор 64. Појавата на Спектрум довела до бум на фирми што произведувале програми и опрема за него. Ефектите од ова се видливи и денес. [2]

Дизајн

Матичната плоча на Зет-Икс Спектрум 48K (Верзија 3B — 1983).

Спектрум е базиран на Зилог 80А (Xylog 80A) централен процесор кој работи на 3,5МХз. Има 16кБ РОМ и 48кБ РАМ меморија (првите верзии имале 16кБ РАМ). Електронскиот дизајн е на Ричард Алтвасер, а надворешниот изглед на Рик Дикинсон, обајцата вработени на Синклер Рисрч. [3]

СМетачот не користел специјален монитор, туку стандарден телевизор од тоа време преку внатрешен РФ модулатор и антенски приклучок. Текстот се прикажувал во матрица од 24 реда со по 32 знаци во секој ред. Во графички мод на работа секој од тие елементи на матрицата имал 8х8 точки ( пиксели), па вкупната резолуција била 256х192 точки. Боите се дефинирале во 15 нијанси: 7 бои со по две нивоа на осветленост плус црна. [4]

Звукот го произведувал преку внатрешен еднотонски бип способен да продуцира 10 октави и 10 полутона.

СМетачот имал и надворешен бас за проширување со специјален приклучник, аудио влез и излез за поврзување со касетофон. Касетофонот служел и за вчитување и снимање на програмски код и податоци од и во сметачот.

Тастатурата била гумена, слично на калкулаторите од тоа време.

Спектрум користел БЕЈЗИК интерпретер кој бил вчитан во РОМ меморијата со основните системски рутини.

Надворешните димензии биле 233x144x30 (ШхДхВ) и тежел околу 552грама. Користел надворешно напојување со трансформатор.

Other Languages
беларуская: ZX Spectrum
беларуская (тарашкевіца)‎: ZX Spectrum
bosanski: ZX Spectrum
català: ZX Spectrum
Ελληνικά: ZX Spectrum
English: ZX Spectrum
euskara: ZX Spectrum
فارسی: اسپکتروم
français: ZX Spectrum
galego: ZX Spectrum
한국어: ZX 스펙트럼
hrvatski: ZX Spectrum
Bahasa Indonesia: ZX Spectrum
latviešu: ZX Spectrum
Nederlands: ZX Spectrum
日本語: ZX Spectrum
norsk nynorsk: Sinclair ZX Spectrum
polski: ZX Spectrum
português: ZX Spectrum
русский: ZX Spectrum
Simple English: ZX Spectrum
slovenčina: ZX Spectrum
slovenščina: ZX Spectrum
словѣньскъ / ⰔⰎⰑⰂⰡⰐⰠⰔⰍⰟ: Спєктроумъ
српски / srpski: ZX Spectrum
srpskohrvatski / српскохрватски: ZX Spectrum
svenska: ZX Spectrum
Türkçe: ZX Spectrum
українська: ZX Spectrum