Епикурејство

Епикурејство — филозофска школа која се темели врз учењето на Епикур.

Епикур (341-270 п.н.е.) е роден на островот Самос. На 35 години се преселил во Атина каде ја основал својата школа во предградието на Атина. Тој школата ја нарекол „Градина“. Школата постоела повеќе од 800 години, била центар на античкиот материјализам и атеизам. На вратата на Градината имало натпис „Гостину, ќе ти биде добро овде, овде задоволството е најголемата среќа“.Тоа е втората школа во хеленистичката филозофија. И според нејзиниот основач-Епикур, наречена е епикурејска школа. Таа се надоврзала на идеите на Демокрит и на Киренската школа на Сократовиот следбеник Арисип, која развиваше психологија и етика на уживањето.

Филозофијата на Епикур има три дела: Каноника, Физика и Етика. Според Епикур, задача на филозофијата е на луѓето да им помогне во нивните душевни страдања, да им ја разведри душата; филозофијата е „дејност која со размислување и истражување реализира среќен живот“.

Канониката е теорија на сознанието и служи за да се определат канони (норми) на сознанието, мерила за она што е вистинито и невистинито. Епикур не го интересираат математиката и логиката, тој го слуша само гласот на природата. Затоа основи на сознанието се сетилното сознание и чувствата- кои покажуваат како да се однесуваме кон впечатоците: ако ни носат задоволство-тие се вистински, ако ни носат болка- тие се лажни.

Канониката е основа на физиката на Епикур, за неговото атомистичко учење, кое е слично на она на Демокрит.

И двете науки служат како вовед во етиката, чија смисла е филозофијата да им помогне на луѓето вонивните духовни страдања.

Етиката на Епикур за основна цел го има обучувањето на човекот да биде среќен, за што треба правилно да се одбере предметот на стремежот. Човекот треба да се стреми кон задоволство, а да избегнува страдања и тие задоволства, кои водат до страдање. Контролата над изборот на задоволството му припаѓа на разумот. Конечната цел на мудриот е достигнување на блажен живот, кој се состои во ослободување на телото од страдање и душата од збунување. Важен услов за среќата е да се живее неприметно. Како што кажа подоцна германскиот драматург Брехт: „На хероите им требаат многу мали луѓе за своите подвизи, а за малиот човек најважно му е да го избегне учеството во овие подвизи".

Other Languages
Alemannisch: Epikureismus
العربية: إبيقورية
azərbaycanca: Epikürçülük
беларуская: Эпікурэізм
български: Епикурейство
brezhoneg: Epikuriezh
català: Epicureisme
čeština: Epikureismus
Deutsch: Epikureismus
eesti: Epikureism
English: Epicureanism
español: Epicureísmo
Esperanto: Epikuranismo
euskara: Epikureismo
français: Épicurisme
galego: Epicureísmo
हिन्दी: आनंदवाद
hrvatski: Epikurejstvo
Bahasa Indonesia: Epikureanisme
íslenska: Epikúrismi
italiano: Epicureismo
ქართული: ეპიკურეიზმი
қазақша: Эпикуреизм
Кыргызча: Эпикуреизм
lietuvių: Epikūrizmas
magyar: Epikureizmus
Nederlands: Epicurisme
norsk: Epikurisme
occitan: Epicurisme
ភាសាខ្មែរ: អេពីគួរ
polski: Epikureizm
português: Epicurismo
română: Epicureism
русский: Эпикуреизм
Simple English: Epicureanism
slovenčina: Epikureizmus
slovenščina: Epikurejstvo
српски / srpski: Епикурејство
srpskohrvatski / српскохрватски: Epikurejstvo
svenska: Epikurism
Tagalog: Epikureismo
Türkçe: Epikürcülük
українська: Епікурейство