Викрам самват

Викрам самват ( Бикрам самват или Викрамова ера; деванагари: विक्रम सम्वत्) (со кратенка В.С. или Б.С.) — календар кој бил воспоставен од страна на императорот Викрамадитја. Овој календар се состои од месечеви месеци и сончева ѕвездена година. Станува збор за официјалниот календар на Непал, кои се нарекува и Бикрам самват, но се пресметува со употреба на тропската година.

За Викрама самават се вели дека бил создаден од императорот Викрамадитја од Уџајин [1] по неговата победа над Саките во 56 година п.н.е., најчесто ( но погрешно ) се поврзува со наредниот крал Чандрагупта Викрамадитја. Станува збор за месечев календар заснован на хиндуистичката традиција (Погледајте хиндуистички календар и Ведското сметање на времето). Викрам самват е 56,7 години понапред во броењето на времето во споредба со сончевиот Грегоријански календар. На пример, годината 2056 БС започнала во 1999 а завршила во 2000 година. Новата година започнува со првиот ден по младата месечина, со месецот чаитра, чаитра шуда 1 или чаитра шукла пакша пратама, што обично се паѓа во март-април во Грегоријанскиот календар. Деветодневниот фестивал Наваратри започнува на овој ден, достигнувајќи го максималното славје на денот рам навми. Во Непал, започнува во средината на април и го одбележува почетокот на новата сончева година.

Во Индија, се користи обновениот Сака календар, во хиндуистичката верзија на преамбулата при создавањето на уставот на Индија, датумот на прифаќањето на уставот 26 ноември 1949 година е запишан со употреба на Викрам самват (магшерш шукла саптами самват 2006). Постојат барања за замена на индискиот национален календар со Викрам самват. [2]

Месеци

Непалски

Бр. Име Непалски Денови
1 баишах वैशाख 30 / 31
2 џеста जेठ или ज्येष्ठ 31 / 32
3 ашад असार или आषाढ़ 31 / 32
4 шраван साउन или श्रावण 31 / 32
5 бадра भदौ или भाद्रपद 31 / 32
6 ашвин असोज или आश्विन 30 / 31
7 картик कात्तिक или कार्तिक 29 / 30
8 мангсир मंसिर или मार्गशीर्ष 29 / 30
9 поуш पुष или पौष 29 / 30
10 маг माघ 29 / 30
11 фалгун फागुन или फाल्गुन 29 / 30
12 чаитра चैत или चैत्र 30 / 31
Other Languages
Afrikaans: Vikram Samvat
العربية: بيكرم سامفات
asturianu: Vikram Samvat
беларуская (тарашкевіца)‎: Бікрам Самват
भोजपुरी: विक्रम संवत
brezhoneg: Vikram Samvat
català: Vikram Samvat
Deutsch: Vikram Sambat
Ελληνικά: Βικράμ Σαμβάτ
English: Vikram Samvat
español: Vikram Samvat
Esperanto: Vikram Samvat
euskara: Bikram Samwat
ગુજરાતી: વિક્રમ સંવત
italiano: Vikram Samvat
Kiswahili: Vikram Samvat
latviešu: Vikram Samvat
lietuvių: Vikram samvat
მარგალური: ვიკრამ-სამვატი
Nederlands: Vikram Samvat
नेपाल भाषा: विक्रम सम्बत
norsk nynorsk: Vikram Samvat
polski: Samwatsara
português: Vikram Samvat
Simple English: Vikram Samvat
srpskohrvatski / српскохрватски: Bikram Sambat
Basa Sunda: Vikram Samvat
Türkçe: Vikram Samvat
українська: Вікрам Самват