Византија

Римска Империја
Βασιλεία Ῥωμαίων
Imperium Romanum
Римски провинции управувани од Источниот суд.
Dio coin3.jpg
~ 330 – 1204
1261 – 1453


Тремиз со слика од Јустинијан I
(владеел 527–565)

Царството за време на најголемото територијално проширување во 555 г. под водство на Јустинијан I
Главен градКонстантинопол
Јазици
  • Латински (официјален до 610)
  • Грчки (официјален по 610)
ВероисповедРимски политеизам сè до 380
Христијанство/православие
(толерирано по миланскиот едикт во 313 г.; државна религија по 380)
УредувањеАвтократска монархија
Владетел
 - 330–337Константин I
 - 457–474Лав I
 - 527–565Јустинијан I
 - 610–641Ираклиј I
 - 976–1025Василиј II
 - 1081–1118Алексиј I
 - 1259–1282Михаил VIII
 - 1449–1453Константин XI
Историски периоддоцна антика кон доцен среден век
 - Поделба на Римското Царство285
 - Основање на Цариград330
 - Смртта на Теодосиј I395
 - Номинален крај на Западното Римско Царство476
 - Четврта крстоносна војна1204
 - Повторно освојување на Константинопол1261
 - Падот на Константинопол29 мај 1453
 - Падот на Трапезунт15 август 1461
Население
 - 565 год.26.000.000b 
 - 780 год.7.000.000 
 - 1025 год.12,000,000 
 - 1143 год.10.000.000 
 - 1204 год.9.000.000 
ВалутаСолидус, Хиперпирон и Фолис
a.^ Βασιλεία Ῥωμαίων може да се транскрибира на латински како Basileia Rhōmaiōn, што значи Римска Империја.
b.^ Види население во Византија за подетални информации овозможени од Мекеведи и Џонс, Атлас на светската историја на населението, 1978, како и Ангелики Лају, Економската историја на Византија, 2002.

Византија или Источно Римско Царство — продолжение на источниот дел од Римската Империја во периодот на доцната антика и средниот век, каде претежно се говорело на грчки јазик. Главниот град на империјата бил Константинопол (денешен Истанбул), првично основан како Византион. Ја преживеал поделбата и падот на Западното Римско Царство во V век и продолжил да постои уште илјада години сè до падот во рацете на отоманските Турци во 1453 под водство на Мехмед Освојувачот. За време на нејзиното постоење, империјата била најмоќната економска, културна и воена сила во Европа. Двата поима, „Византија“ и „Источното Римско Царство“, се историографски термини создадени по крајот на царството. Нејзините граѓани продолжиле да посочуваат на нивната империја како Римска Империја (старогрчки: Βασιλεία Ῥωμαίων, тр. Basileia Rhōmaiōn; латински: Imperium Romanum),[1] или Романија (Ῥωμανία), а себе се нарекувале „Римјани“.[2]

Неколку настани од IV до VI век го одбележуваат преодниот период во кој римските империи, Источната грчка и Западната латинска империја, се поделиле. Во 285 година, царот Диоклецијан (владеел 284–305) го поделил управувањето на Римската Империја на источен и западен дел.[3] Помеѓу 324 и 330, Константин Велики (владеел 306–337) го пренел главниот град од Рим во Византион, подоцна познат како Constantinople („Градот на Константин“) и Nova Roma („Нов Рим").[n 1] За време на владеењето на Теодосиј I (владеел 379–395), христијанството станало официјална државна религија на империјата и другите религии како римскиот политеизам биле прогонети. И конечно, за време на владеењето на Ираклиј (владеел 610–641), војската и управата на империјата биле реконструирани и грчкиот јазик бил прифатен за официјална употреба, на местото на латинскиот.[5] Така што иако тоа го продолжило Римското Царство и ги одржало римските државни традиции, денешните историчари го одвојуваат Византион од Стариот Рим пред сè поради настроеноста кон грчката култура, а не кон латинската и воедно бил окарактеризиран од православното христијанство наместо од римскиот политеизам.[6]

Границите на империјата значително се менувале во текот на нејзиното постоење, минувајќи низ неколку циклуси на опаѓање и закрепнување. За време на владеењето на Јустинијан I (владеел 527–565), империјата го достигнала најголемото територијално проширување по повторното заземање на историското западно римско медитеранско крајбрежје, вклучувајќи ја Северна Африка, Италија и самиот Рим, кој бил задржан уште два века. За време на владеењето на Маврикиј (владеел 582–602), источната граница на империјата била проширена и северната се стабилизирала. Сепак, атентатот врз него ја предизвикал Византиско-персиската војна (602-628), која ги исцрпела ресурсите на империјата и резултирала со големи територијални загуби за време на муслиманските освојувања од VI век. Само за неколку години империјата ги загубила своите најбогати провинции, Египет и Сирија, сè до Арапскиот Полуостров.[7]

За време на Македонската династија (X и XI век), империјата повторно се проширила и ја доживеала двовековната Македонска ренесанса, која завршила со загубата на поголемиот дел од Мала Азија по поразот од Селџуците во Битката кај Манцикерт во 1071 година. Оваа битка им го отворила патот на Турците за да се населат во Анадолија како нивна татковина.

Последните векови на империјата биле проследени со општ правец на опаѓање. Империјата се обидувала да закрепне во текот на XII век, но таа го примила својот смртен удар за време на Четвртата крстоносна војна, кога Константинопол бил опустошен и империјата се распаднала и поделила на конкурентни византиски грчки и латински царства. И покрај евентуалното обновување на Константинопол и повторното воспоставување на империјата во 1261 година, Византион останал само еден од неколкуте мали конкурентни држави во областа последните два века од своето постоење. Неговите преостанати територии биле последователно приложени од Отоманците во XV век. Падот на Константинопол во рацете на Отоманската Империја во 1453 значело крај за Византија.

Содржина

Other Languages
Afrikaans: Bisantynse Ryk
azərbaycanca: Bizans İmperiyası
Bân-lâm-gú: Tang Lô-má Tè-kok
беларуская: Візантыя
беларуская (тарашкевіца)‎: Бізантыйская імпэрыя
Чӑвашла: Висанти
eesti: Bütsants
Esperanto: Bizanca imperio
Fiji Hindi: Byzantine Samrajya
français: Empire byzantin
客家語/Hak-kâ-ngî: Tûng Lò-mâ Ti-koet
hrvatski: Bizant
Bahasa Indonesia: Kekaisaran Romawi Timur
interlingua: Imperio Byzantin
لۊری شومالی: بیزانس
lietuvių: Bizantija
Limburgs: Byzantijns Riek
Lingua Franca Nova: Impero Bizantian
lumbaart: Impero Bizantin
Malti: Biżantini
მარგალური: ბიზანტია
مازِرونی: بیزانس
Bahasa Melayu: Empayar Byzantine
Nederlands: Byzantijnse Rijk
Nedersaksies: Byzantiense Riek
Napulitano: Impero Bizantino
Nordfriisk: Uaströömsk Rik
norsk nynorsk: Austromarriket
oʻzbekcha/ўзбекча: Vizantiya imperiyasi
Plattdüütsch: Byzantiensch Riek
Ποντιακά: Ρωμανίαν
português: Império Bizantino
qırımtatarca: Bizans İmperiyası
rumantsch: Imperi bizantin
русиньскый: Візантьска ріша
русский: Византия
Simple English: Byzantine Empire
slovenčina: Byzantská ríša
slovenščina: Bizantinsko cesarstvo
srpskohrvatski / српскохрватски: Bizantsko Carstvo
tarandíne: 'Mbere Bizzandine
татарча/tatarça: Византия империясе
тоҷикӣ: Византия
Võro: Bütsants
West-Vlams: Byzantyns Ryk
žemaitėška: Bizantėjė