Браќа Рајт

Orville Wright.jpg
Роден 19 август, 1871
Дејтона, Охајо
Починал 30 јануари, 1948 (на 76 г.)
Дејтона, Охајо
Занимање печатар/издавач, продавач/произведувач на велосипеди, изумител/произведувач на авиони, инструктор по летање
Сопружник нема
Wilbur Wright.jpg
Роден 30 јануари, 1867
Милвил, Индијана
Починал 30 мај, 1912 (на 45 г.)
Дејтона, Охајо
Занимање печатар/уредник, продавач/произведувач на велосипеди, изумител/произведувач на авиони, инструктор по летање
Сопружник нема

Браќата Вилбур и Орвил Рајт се едни од најзначајните личности на 20 век и едни од најзаслужните за развојот на воздухопловството во последниве 100 години, а со тоа и напредокот на целата економија и технологија во денешниот свет. На 17. декември 1903 година, со леталото „Флаер - 1“, Орвил го извршил првиот лет со машина потешка од воздухот (дотогаш летањето единствено било можно се балон на топол воздух). Првиот лет бил долг 36,5 метри, со брзина од 48 км. на час и на височина од 2,5 до 3,5 метри, и траел само 12 секунди. [1] Иако летот бил мошне кус, со ова тие ги крунисале бројните напори од тоа време за изработка на летачки машини, и со тоа влегле во историјата на воздухопловството.

Биографски податоци

Орвил Раjт на 4 години, април 1876.
Вилбур Рајт, околу 1877 година

Родени се во семејството на бискупот Милтон Рајт, [1] и се двајца од четворицата синови на Сузан Катрин Рајт. Во нивната фамилија постои и едно женско дете Катерина. Вилбур, третородениот, е роден на мала фарма во близина на Миливил, Индијана на 16 април 1867 година, додека Орвил ( 1871- 1948) и подоцна Катерина се родени во Дејтона. Нивниот татко константно ги менувал работните места, така што целата фамилија менувала живеалишта, иако куќата во Дејтона останала долго време во сопственост на семејството.

Браќата Вилбур и Орвил Рајт

Нивното домаќинство било место кадешто децата постојано биле стимулирани за својот ментален напредок. Орвил за своето детство пишува: „Ние ја имавме среќата да живееме во оклина во којашто постојано бевме охрабрувани да ги гониме своите интелектуални интереси; да истражуваме и прнаоѓаме сѐ што ќе нѝ паднеше на памет“. Куќата поседувала две библиотеки: книгите за теологија биле чувани во канцеларијата на бискупот, додека на подолниот кат се чувала голема и разновидна колекција. Иако бискупот Рајт бил строг човек, двата родители биле грижливи кон своите деца.

Семејството се преселува од Ричмонд, Индијана, назад во Дејтона во јуни 1884 година истиот месец кога Вилбур требало да дипломира. За несреќа, тој го напушта Ричмонд без да ја подигне својата диплома и наредната година се враќа во Централната Гимназија за понатамошни студии по старогрчки јазик и тригонометрија.

Other Languages
العربية: الأخوان رايت
aragonés: Chirmans Wright
asturianu: Hermanos Wright
azərbaycanca: Rayt qardaşları
Bân-lâm-gú: Wright hiaⁿ-tī
беларуская: Браты Райт
беларуская (тарашкевіца)‎: Райт (браты)
български: Братя Райт
bosanski: Braća Wright
brezhoneg: Breudeur Wright
Ελληνικά: Αδελφοί Ράιτ
español: Hermanos Wright
Esperanto: Fratoj Wright
euskara: Wright anaiak
ગુજરાતી: રાઈટ બંધુઓ
хальмг: Братья Райт
한국어: 라이트 형제
हिन्दी: राइट बंधु
hrvatski: Braća Wright
Bahasa Indonesia: Wright Bersaudara
íslenska: Wright-bræður
italiano: Fratelli Wright
latviešu: Brāļi Raiti
Lëtzebuergesch: Bridder Wright
lietuvių: Broliai Raitai
मैथिली: राइट बन्धु
मराठी: राइट बंधू
Bahasa Melayu: Wright bersaudara
Mirandés: Armanos Wright
монгол: Ах дүү Райт
မြန်မာဘာသာ: ရိုက်ညီနောင်
Nederlands: Gebroeders Wright
नेपाल भाषा: राईट दाजुकिजा
日本語: ライト兄弟
Napulitano: Frate Wright
norsk nynorsk: Wright-brørne
олык марий: Райт иза-шольо
ਪੰਜਾਬੀ: ਰਾਇਟ ਭਰਾ
Piemontèis: Frej Wright
português: Irmãos Wright
română: Frații Wright
русский: Братья Райт
sicilianu: Frati Wright
Simple English: Wright brothers
slovenčina: Bratia Wrightovci
slovenščina: Brata Wright
српски / srpski: Браћа Рајт
srpskohrvatski / српскохрватски: Braća Wright
татарча/tatarça: Rayt bertuğannar
українська: Брати Райт
ئۇيغۇرچە / Uyghurche: ئاكا-ئۇكا رايتلار
Tiếng Việt: Anh em nhà Wright
粵語: 萊特兄弟
中文: 莱特兄弟