Бран

Површински бранови во вода

Бран — нарушување или треперење кое се движи низ материјата или просторот, придружено со пренос на енергија. Брановото движење ја пренесува енергијата од една точка до друга, најчесто со непостојано поместување на честичките на средината, односно без пренос на маса. Тие се состојат од треперења или вибрации околу една иста местоположба. Брановите се опишани со бранова равенка која покажува како нарушувањето се распределува со текот на времето. Математичкиот запис на оваа равенка се менува во зависност од видот на бранот.

Постојат два вида на бранови. Едните се механички бранови кои се движат низ средината, и истата таа средина се деформира. Деформацијата се поништува со помош на еластичната сила која настанува поради деформацијата. На пример, звучните бранови се движат низ молекулите на воздухот судирајќи се со нивните соседни молекули. Кога молекулите на воздухот се судираат, истовремено и отскокнуваат една од друга (еластична сила). Ова ги спречува молекулите да продолжат да се движат во насоката на бранот.

Вториот вид на бранови се електромагнетните бранови, кои за своето простирање немаат потреба од средина. Наместо тоа, тие се состојат од периодични треперења на електричното и магнетното поле, коишто пак се создадени од наелектризирани честички, и поради ова истите можат да се движат низ вакуум. Овие видови на бранови се со различни бранови должини, и според тоа тие се поделени на: радиобранови, микробранови, инфрацрвено зрачење, видлива светлина, ултравиолетова светлина, рендгенски зраци, и гама-зрачење.

Понатамошно, однесувањето на честичките во квантната механика се опишани со помош на бранови. Понатамошно, гравитационите бранови исто така патуваат низ просторот, кои се резултат на вибрација или движење на гравитационите полиња.

Бранот може да биде трансверзален или лонгитудинален во зависност од насоката на нивното треперење (осцилирање). Трансверзалните бранови сè добиваат кога нарушувањето создава треперења нормални на насоката на движењето. Лонгитудиналните бранови сè добиваат кога треперењата се паралелни со насоката на движење. Додека пак механичките бранови можат да бидат трансверзални и лонгитудинални, сите електромагнетни бранови се трансверзални.

Содржина

Other Languages
Afrikaans: Golf (fisika)
العربية: موجة
aragonés: Onda (fisica)
ܐܪܡܝܐ: ܓܠܠܐ
asturianu: Onda
azərbaycanca: Dalğa (fizika)
বাংলা: তরঙ্গ
Bân-lâm-gú: Pho-tōng
беларуская: Хваля
беларуская (тарашкевіца)‎: Хваля
български: Вълна
bosanski: Talas
català: Ona
čeština: Vlnění
chiShona: Masaisai
Cymraeg: Ton
dansk: Bølge
Deutsch: Welle
eesti: Laine
Ελληνικά: Κύμα
English: Wave
español: Onda
Esperanto: Ondo
euskara: Uhin
فارسی: موج
français: Onde
한국어: 파동
հայերեն: Ալիքներ
हिन्दी: तरंग
hrvatski: Val
Ido: Ondo
Bahasa Indonesia: Gelombang
íslenska: Bylgja
italiano: Onda
עברית: גל
ಕನ್ನಡ: ತರಂಗ
ქართული: ტალღა
қазақша: Толқын
Kiswahili: Wimbi
Kreyòl ayisyen: Vag (non)
kurdî: Pêl
Кыргызча: Толкун
Latina: Unda
latviešu: Vilnis
lietuvių: Banga
la .lojban.: boxna
magyar: Hullám
മലയാളം: തരംഗം
मराठी: तरंग
Bahasa Melayu: Gelombang
မြန်မာဘာသာ: လှိုင်း
Nederlands: Golf (natuurkunde)
日本語: 波動
Nordfriisk: Waag
norsk: Bølge
norsk nynorsk: Bølgje
occitan: Onda
oʻzbekcha/ўзбекча: Toʻlqinlar
ਪੰਜਾਬੀ: ਛੱਲ
پنجابی: لہر
پښتو: څپه
Piemontèis: Onda
Plattdüütsch: Bülg (Physik)
polski: Fala
português: Onda
română: Undă
Runa Simi: Pillunya
русиньскый: Вовнїня
русский: Волна
Simple English: Wave (physics)
slovenčina: Vlnenie
slovenščina: Valovanje
Soomaaliga: Mowjad
کوردی: شەپۆل
српски / srpski: Талас (физика)
srpskohrvatski / српскохрватски: Val
Basa Sunda: Gelombang
svenska: Vågrörelse
Tagalog: Alon
தமிழ்: அலை
తెలుగు: తరంగము
ไทย: คลื่น
Türkçe: Dalga (fizik)
українська: Хвиля
اردو: موج
Tiếng Việt: Sóng
文言:
Winaray: Balud
ייִדיש: כוואליע
粵語: 波 (物理)
中文: