Австронезиски јазици

Австронезиски јазици
Географска
распространетост:
Југоисточна Азија, Океанија, Мадагаскар
Класификација:едно од големите јазични семејства во светот
Гранки:
ISO 639-2 и 639-5:map
[[File:
Malayo-Polynesian mk.svg

Основни групи на малајско-полинезиски јазици:

  борнејско-филипински
  сундаско-сулавески
  централни малајско-полинезиски
  јужнохалмахерски – западни ноговинејски јазици
  океаниски

Oceanic languages mk.svg

Дел од океаниските јазици се:

  адмиралски и јапески
  сенматијаски
  западноокеаниски и средномеланезиски
  темотуски
  југоисточносоломонски
  јужноокеаниски
  микронезиски
  фиџиско-полинезиски
Црните кругови во северозападните делови на Микронезија се палауски јазик и чамороски јазик. Црните кругови во поголемите зелени се папуански јазици.|300px]]

Австронезиските јазици се јазично семејство на териториите на островска Југоисточна Азија и на островите во Тихиот Океан или Океанија, но има неколку јазици кои се зборуваат и во континентална Азија и Мадагаскар. Заедно со банту-јазиците, индоевропските јазици, афроазиските јазици и уралските јазици, австронезиските јазици се едни од најразвиените стари јазични семејства во светот. Прв лингвист кој ги проучил јазиците е германецот Ото Демпволф кој ги проучил јазиците преку споредбен метод. Зборот „австронезиски“ е создаден од германскиот научник Вилхелм Шмит[1], кој пак потекнува од латинскиот збор auster „јужен ветер“ и старогрчкиот збор nêsos што значи „остров“. Овој термин е подржан и со фактот што најголем дел од јазиците се зборуваат на острови, со мали исклучоци на јазици кои се зборуваат на континентите. Добар дел од австронезиските јазици се мали, со мал број на зборувачи, но сепак има и јазици кои се зборуваат од десетици милиони жители. Австронезиските јазици се едни од најраспространетите јазици во светот бидејќи овие јазици се зборуваат од Мадагаскар па сè до Божиќниот Остров.

Other Languages
azərbaycanca: Avstroneziya dilləri
Bân-lâm-gú: Lâm-tó gí-hē
客家語/Hak-kâ-ngî: Nàm-tó Ngî-hì
Bahasa Indonesia: Rumpun bahasa Austronesia
Lingua Franca Nova: Linguas austronesian
Māori: Austronesian
Dorerin Naoero: Edorer Otereinitsiya
norsk nynorsk: Austronesiske språk
oʻzbekcha/ўзбекча: Avstronez tillari
Simple English: Austronesian languages
slovenščina: Avstronezijski jeziki
srpskohrvatski / српскохрватски: Austronezijski jezici
Tiếng Việt: Ngữ hệ Nam Đảo
吴语: 南島語系
粵語: 南島語系
中文: 南島語系